Кошани
Кошани — село во областа Витачево, во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Кошани | |
![]() Воздушен поглед на селото Кошани | |
Координати 41°21′22″N 22°00′55″E / 41.35611°N 22.01528°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Витачево |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1430 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11023 |
Надм. вис. | 500 м |
Слава | Атанасовден |
![]() |
Географија и местоположба
уредиКошани е мало село, сместено во средишниот дел на Општина Кавадарци, во областа Витачево, на потегот помеѓу Ваташка Река и Тиквешкото Езеро.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 500 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 14 километри.[2]
До селото води локален земјен пат, кој започнува во селото Бегниште.
Селото се наоѓа под Среден Рид, помеѓу долови кои ја создаваат Кошанска Река, притока на Каменица. Под селото се наоѓаат две чешми, а во околината имало повеќе извори.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Горна и Долна Рамна, Шљушкови Бресје и Гола Глава.[3]
Селото има збиен тип.[3]
Историја
уредиПодрачјето на Кошани е населено уште од доцната антика, за што сведочат три наоѓалишта околу самото село.[4]
Селото претставува доста старо, уште од средниот век. Кога станало чифлиг, староседелците се „изгубиле“ (освен еден род), а на нивно место дошле чифлигари (доселеници).[3]
Станало чифлиг на кавадаречките бегови на почетокот на XIX век, кога селаните убиле некој Турчин.[3]
Стопанство
уредиАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 6,4 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 417 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 133 хектари, а на шумите отпаѓаат само 22 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Мештаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Во отоманскиот период, најпрвин работеле на свои ниви, но по убиството на некој Турчин работеле како чифлигари.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кошани живееле 150 жители, сите Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]
Кошани е мало село, во фаза на наполно раселување. Тоа во 1961 година имало 97 жители, а во 1994 година само четири жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Кошани живееле 2 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | — | 116 | 98 | 97 | 35 | 18 | 6 | 4 | 2 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиКошани е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:[3]
- Староседелци: Цуцковци (1 к.), во минатото биле повеќе, но со текот на времето изумреле.
- Доселеници: Тасевци (3 к.), доселени се од селото Куманичево во почетокот од XIX век; Скандевци (3 к.), доселени се од селото Бегниште, кога и претходниот род. Таму се доселени од областа Азот во Велешко; Илевци (3 к.) доселени се исто така од Бегниште, и во исто време. Подалечно потекло од областа Азот во Велешко; Митковци (1 к.), доселени се од селото Гарниково, а таму од велешки Азот; Грковци (2 к.), доселени се од селото Бегниште, а таму од околината на Бер во Егејска Македонија, денес Грција: Крачевци-Ицовци (1 к.), доселени се од селото Бегниште, а таму од велешки Азот; Мантевци-Бунарци (2 к.), доселени се од селото Бунарче, а таму од Мариово; Ѓошовци-Бојанчишци (3 к.), доселени се од селото Бојанчиште; Јечменковци-Вачовци (1 к.), доселени се од селото Куманичево; Толевци (1 к.), доселени се од селото Гарниково, а таму од велешки Азот; Рочковци (1 к.) и Димовци (1 к.), доселени се од селото Зборско во Меглен, во 1916 година.
Самоуправа и политика
уредиНа крајот од XIX век, Кошани било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Кошани се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која влегувале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0701 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бегниште, Драгожел, Гарниково и Кошани. Истото е сместено во основното училиште во селото Бегниште.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 278 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Белутрак — населба и некропола од доцноантичко време;
- Врчвата — населба од доцноантичко време; и
- Задрид — утврдена населба од доцноантичко време.
- Цркви[16]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, опожарена и разрушена.
- Споменици
- Спомен-чешма на НОБ
Редовни настани
уреди- Слави[3]
- Атанасовден — главна селска и црковна слава.
Галерија
уреди-
Спомен-плочата на чешмата
-
Разрушената селска црква „Св. Атанасиј“
-
Спомен-чешма во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 161. Посетено на 25 јануари 2025.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 423-424.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 152. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јануари 2025.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 февруари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 5 февруари 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 25 јануари 2025.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.