Мездра

село во Општина Свети Николе

Мездра — раселено село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Мездра

Поглед кон селото

Мездра во рамките на Македонија
Мездра
Местоположба на Мездра во Македонија
Мездра на карта

Карта

Координати 41°55′17″N 21°55′35″E / 41.92139° СГШ; 21.92639° ИГД / 41.92139; 21.92639
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24022
Надм. вис. 330 м
Мездра на општинската карта

Атарот на Мездра во рамките на општината
Мездра на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Свети Николе, недалеку од градот Свети Николе.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 330 метри.[2]

Мездра се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Историја

уреди

Селото своевремено имало два дела: Стара Мездра и Нова Мездра, кои долго време во XX век се сметале за одделни села. Обете се иселени во 1970-тите и во 2000-тите се укинати. Денес, како населено место се води само Мездра (Стара Мездра), додека пак територијата на некогашна Нова Мездра е во атарот на соседното село Сопот, близу атарската граница со Мездра.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 5,7 км2.[2]

Население

уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Власи.[3]

И двете населби, Нова и Стара Мездра се наполно раселени по 1971 година. Таа година, Нова Мездра броела 58 жители, македонско население, додека Стара Мездра имала 11 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мездра немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот за 2021 година.

Податоци за Нова Мездра

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 168 156 161 58 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]


Податоци за Стара Мездра

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 65 26 45 11 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]


Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Светиниколска градска општина, во која покрај селото градот Свети Николе, се наоѓале и селата Кнежје, Нова и Стара Мездра.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1695 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на извидничкиот дом во селото Орел.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[10]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[12]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Мездра

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 283. Посетено на 21 март 2021.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 април 2021.
  5. 5,0 5,1 К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. 6,0 6,1 Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. 7,0 7,1 „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 3 април 2021.
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 355. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди