Ново Село (Општина Чашка)
Ново Село — село во Општина Чашка, Велешко.
Ново Село | |
Координати 41°36′12″N 21°38′53″E / 41.60333° СГШ; 21.64806° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29048 |
Надм. вис. | 368 м |
Ново Село на општинската карта Атарот на Ново Село во рамките на општината | |
Ново Село на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во селото во 2002 година живееле 6 жители, македонско население.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 125 | 128 | 168 | 188 | 139 | 103 | 75 | 16 | 7 | 6 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови
уредиСпоред истражувањата од 1967 година, родови во селото:
- Доселеници: Саздовци (1 к.), Лазови (1 к.) и Ѓорески (1 к.) доселени се, но не знаат точно од каде; Зарини (2 к.) доселени се од некое околно село; Здравевци (5 к.) се делат на Ставревци и Станчевци. Доселени се од селото Црешнево. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 56 г. во 1967 година) Ангеле-Ставре-Здраве, основачот на родот кој се доселил; Цветини (7 к.) доселени се после претходниот род од селото Голозинци.[7]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2233 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на богдан здравевски.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиДо крајот на Втората светска војна селото нараснало на 40 домаќинства. Потоа настапила силна миграција на населението во градот Велес (19 семејства) и во селото Чашка. други постари иселеници има во Стари Град (Анѓовци), Оморани (Бакаловци и Ќосевци), Превалец (Станчеви).[7]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 7,0 7,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |