Радање

село во Општина Карбинци

Радање — село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Радање

Задружниот дом во селото

Радање во рамките на Македонија
Радање
Местоположба на Радање во Македонија
Радање на карта

Карта

Координати 41°46′50″N 22°16′31″E / 41.78056° СГШ; 22.27528° ИГД / 41.78056; 22.27528
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 558 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30048
Надм. вис. 380 м
Радање на општинската карта

Атарот на Радање во рамките на општината
Радање на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото доаѓа од личното име Радан (Радибуд, Радобор, Радомир и слично).[2]

Географија и местоположба

уреди

Ова село се наоѓа во областа Јуруклак, во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 380 метри. Од градот Штип е оддалечено 10 километри.[3]

Селото е сместено во долината на Радањска Река, преку која се стигнува до малиот кањон Камник сместен на малата Кошевска Река во атарот на селото Мал Габер.

Историја

уреди

Во XIX век, Радање било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 10,6 км2. Пасиштата заземаат површина од 412 хектари, а на шумите отпаѓаат 254 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Селото има земјоделска задруга и услужни објекти.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948828—    
1953954+15.2%
1961926−2.9%
1971900−2.8%
1981741−17.7%
ГодинаНас.±%
1991560−24.4%
1994542−3.2%
2002471−13.1%
2021558+18.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Радање имало 440 жители, од кои 40 Македонци и 400 Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото Радање живееле 290 жители, од кои 270 Турци и 20 Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци и 25 до 50 Македонци.[6]

Во 1961 година селото броело 926 жители, од кои 772 биле Македонци, а 26 жители Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 542 жители, од кои 422 биле Македонци, 71 Турчин, 48 Власи и 1 Србин.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Радање живееле 471 жител, од кои 318 Македонци, 118 Турци, 34 Власи и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 558 жители, од кои 110 Македонци, 361 Турчин, 1 Ром, 10 Власи, 2 останати и 74 лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Радање:

Година Македонци Турци Роми Власи Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 828
1953 553 375 0 23 3 0 954
1961 772 26 0 4 124 926
1971 704 2 0 0 194 900
1981 614 41 0 84 2 0 741
1991 428 62 0 60 2 8 560
1994 422 71 0 48 1 0 542
2002 318 118 0 34 1 0 471
2021 110 361 1 10 0 2 74 558

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Во поново време продолжува иселувањето на македонското население, кои ги продаваат своите куќи на турското население од плачковичките јуручки села.[9]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото претставува дел од Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото било седиште на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Радање, во која покрај селото Радање, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.

Избирачко место

уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2326 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Кучилат, Мал Габер, Мичак, Муратлија и Радање.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 374 гласачи.[11]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 378 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви[14]
Џамии[14]
Споменици
Реки

Култура и спорт

уреди

Во селото работи фудбалскиот клуб „Задругар“.[15]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 127.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 249. Посетено на 15 февруари 2021.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 февруари 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. „КАРБИНЦИ ЗА САМО ЕДЕН ДЕН ПРОДАДЕНИ 15 КУЌИ ВО РАДАЊЕ“. Телевизија Стар. 17 февруари 2017. Посетено на 15 февруари 2021.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 15 февруари 2021.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 10 февруари 2021.
  13. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 439. ISBN 9989-649-28-6.
  14. 14,0 14,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 15 февруари 2021.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди