Морани

село во Општина Студеничани

Морани — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Морани
Selo Morani-MKD.jpg

Поглед на дел од селото Морани од патот Драчево - Зелениково

Морани во рамките на Македонија
Морани
Местоположба на Морани во Македонија
Морани на интерактивна карта

Координати 41°54′39″N 21°33′0″E / 41.91083° СГШ; 21.55000° ИГД / 41.91083; 21.55000Координати: 41°54′39″N 21°33′0″E / 41.91083° СГШ; 21.55000° ИГД / 41.91083; 21.55000
Општина Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани
Население 1715 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25091
Надм. вис. 412 м
Морани на општинската карта
Морани во Општина Студеничани.svg

Атарот на Морани во рамките на општината
Commons-logo.svg Морани на Ризницата
Поглед на селото Морани и фабриката „Фруктал“ од пругата Скопје - Велес
Црквата Успение на Пресвета Богородица во селото Морани
Нива со тутун во село Морани

Географија и местоположбаУреди

Селото Морани се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина, во подножјето на планината Китка која е дел од масивот Мокра Планина. Морани е сместено во дол на преминот помеѓу рамничарскиот и ридскиот предел на надморска височина од 310 метри[2]. Од градот Скопје е оддалечно 19 километри. Селото е веднаш од десната страна на регионалниот пат Драчево - Зелениково. Низ Морани тече Моранскиот Поток (Моранска Речица) кој е десна притока на реката Вардар[3]. Непосредно северно и североисточно од Морани од десната страна на патот кон Орешани и Зелениково се изградени голем број на викендички и вили за одмор на граѓани од Скопје. Атарот на селото Морани зафаќа површина од 14,6 км2, од кои 738 хектари се обработливо земјиште, 348 хектари зафаќаат шумите, а на пасиштата отпаѓаат 280 хектари[2].

ИсторијаУреди

Селото Морани е доста стара населба во Скопско. Првите пишани податоци за Морани се среќаваат во XIII век, односно време на владеењето на бугарскиот цар Асен во 1230 - 1241 година, кога просевастот Прибо ја изградил ќелијата посветена на Света Петка во местото наречено Тморане [3]. Во 1258 година, кралот Урош, селото Тморане го подарил на манастирот во Хиландар, а веќе следната година во 1259 византиската власт ги одзела ќелијата Св. Петка и селото Тморане од власта на манастирот[4]. Потоа во 1300 година царот Милутин, ќелијата Св. Петка со лозја, ораници и голем земјиштен посед во кој спаѓале селота Тморане и Ворошах (денешно Орешани) повторно ги подарил на манастирот во Хиландар[4].

 
Поглед на дел од селото Морани

За време на отоманското владеење, селото Морани било чифчиско село населено исклучиво со православни Македонци[5]. Сопственици на беговите биле муслимани (Турци) кои живееле во Скопје, а запаметени се извесни Рушид-ага, Едип Теко, Афус Исен и Селим-ага кои поседувале околу 300 до 500 „шиници“ земја[5]. Од почетокот на XIX век во селото започнуваат да се доселуваат Албанци кои од северна Албанија најпрвин се доселиле во повисоките околни планински села на Китка. Поради тешките услови за живот и несигурноста кон крајот на XIX век Македонците започнале да се иселуваат во соседните поголеми македонски села и градот Скопје, при што до крајот на отоманското владеење во 1912 година во Морани веќе немало Македонци[5]. Дел од тоа старо македонско население кое живеело во Морани пред и во текот на XIX век се следните иселени македонски родови: Морчани и Амаловци (Боцевци) во соседното Драчево, Грнчаровци во соседното Орешани, Пулевци во с. Петровец, Чачанковци во с. Ќојлија[5]. По заминувањето на отоманската власт во селото Морани повторно се населиле Македонци кои живеат сè до денес, а биле населени и околу 30 семејства Срби кои биле протерани од бугарските власти во 1941 година[6].

Во XIX век, селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Населението во Морани претежно се занимава со земјоделство, односно со одгледување на житни култури (пченица и јачмен), тутун, градинарски култури (домат, пиперка, марула) и овоштарство. Од сточарството застапени се краварството, козарството и живинарството. Во непосредна близина на селото Морани се наоѓаат фабриката за природни сокови „Фруктал“, млекарницата „Маско“, а постојат и повеќе занаетчиски работилници, авто-сервиси и перални, како и помали производствени погони за мебел и голема хала за авто-делови и бела техника. На влезот на селото работи и приватна здравствена амбуланта.

ДемографијаУреди

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.715 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 58
Албанци 1.528
Турци 40
Роми 71
Власи 0
Срби 9
Бошњаци 0
останати 9

Селото Морани бележи постојан пораст на бројот на своите жители: во 1961 година имало 879 жители (76 Македонци, 375 Албанци, 281 Турчин, 25 Срби, 122 неопределени), а во 1994 бројот се зголемил на 1.287 жители (11 Македонци, 1.079 Албанци, 122 Роми, 73 Турци)[2].

РодовиУреди

Денес во Морани живее население со разновидно етничко потекло, од кое во најголем дел албанско муслиманско население, потоа православни Македонци и помал дел Срби, како и муслимани Роми и Турци (дел од нив Македонци со муслиманска вероисповед).

  • Денешните македонски родови се доселенички. Од споменатите иселени македонски родови во XIX век, старински родови во Морани биле Пулевци и Чачанковци. Македонските родови кои живеат и денес се: Дандаровци, Јаковчевски, Буевски и Дудуковски (сите од с. Драчево), Јосифовски (од с. Тресонче) и Огнановски (од с. Нова Брезница)[6].
  • Сите албански родови се исто така доселеници во најголемиот дел со потекло од северна Албанија, етапно доселувани од Косово и околината во текот на XIX век. Албански родови денес се: Шеелар и Реџалар (двата од фисот Бериш во северна Албанија), Демолар (од фисот Шаља во северна Албанија), Исалар (од фисот Красниќ во северна Албанија), Калис (од истоимената област во северна Албанија), Метин (од областа Љума во северна Албанија), Кацалар, Бацалар, Бочан, Џине, Веселар, Ќајалар, Љушалар, Сали сите со потекло од северна Албанија доселени од околните села и селата Ласкарци и Вешала[8].
  • Ромски родови се: Далипалар, Мутовци, Камбер, Ељмаз, Дурмишови[9].
  • Српски родови се: Ѓукиќи и Мрѓан (од селото Ланце во областа Лика во Хрватска)[6].

Општествени установиУреди

ЦрквиУреди

ИселеништвоУреди

Кон крајот на XIX век дотогашното македонско население се иселило во скопските села Драчево, Орешани, Петровец и Ќојлија. За време на Првата светска војна од Морани се иселиле 64 албански семејства во Турција, а родот Пурелер целосно се иселеил во градот Скопје. Во 1941 година бугарските власти иселиле околу 30 доселенички српски семејства - колонисти[6].

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.201
  3. 3,0 3,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.105
  4. 4,0 4,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.106
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.107
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.109
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.107-108
  9. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.108
  10. Лазова, Милева (2003). „Природниот и духовен центар Матка има со што да се гордее ОТВОРЕНА КНИГА НА МИНАТОТО“. Македонско Сонце. Архивирано од изворникот на 2017-04-23. Посетено на 2011-03-25.

Надворешни врскиУреди