Поменово

село во Општина Чашка


Поменово — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Поменово
Поменово во рамките на Македонија
Поменово
Местоположба на Поменово во Македонија
Поменово на интерактивна карта

Координати 41°30′54″N 21°39′28″E / 41.51500° СГШ; 21.65778° ИГД / 41.51500; 21.65778Координати: 41°30′54″N 21°39′28″E / 41.51500° СГШ; 21.65778° ИГД / 41.51500; 21.65778
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Чашка
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29059
Поменово на општинската карта
Поменово во Општина Чашка.svg

Атарот на Поменово во рамките на општината
Commons-logo.svg Поменово на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Азот, оддалечено 34 километри југозападно од Велес и 25 километри јужно од општинскиот центар Чашка.

ИсторијаУреди

Подрачјето на Поменово е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Завртеј на 300 м источно од селото.[2]

Во XIX век селото било дел од Велешката каза од Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поменово живееле 390 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Поменово имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Селото е целосно иселено по 1981 година, кога броело само 4 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 390[3] 360[4] 161 169 120 23 4

РодовиУреди

Поменово било македонско село.

Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле

  • Староседелци: Ристевци (1 к.), Трајковци (1 к.), Стевановци (1 к.), Божиновци (1 к.), Василевци (1 к.), Николовци (1 к.), Петревци (1 к.) и Петревци (1 к.) сите ималз мал број на домаќинства поради иселување.[7]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Од ова село имало огромен број на иселеници. Првото помасовно иселување било по Првата светска војна. Второто помасовно иселување датира од 50-тите на 20 век. Населението воглавно се иселувало во Велес и Прилеп.

Се знае и за иселени родови по другите села. Како: Смиловци (Деспотовци, Северџиновци и Тамовци). Извор (Каревци). Оморани (Трпевци и Љамевци). Браилово (Аврамовци).[7]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 80. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118 - 120.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.

Надворешни врскиУреди