Чанаклија
Чанаклија — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Чанаклија | |
Поглед на селото Чанаклија | |
Координати 41°33′19″N 22°41′3″E / 41.55528° СГШ; 22.68417° ИГД | |
Општина | Општина Василево |
Население | 421 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27072 |
Надм. вис. | 555 м |
Слава | Свети Наум Охридски |
Чанаклија на општинската карта Атарот на Чанаклија во рамките на општината | |
Чанаклија на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиЧанаклија се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во североисточниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.
Надморската височина во селото е 555 метри додека селото зафаќа површина од 18,5 км2. Од нив, 628 хектари се обработливо земјиште а 1093 хектари се шуми[2]
Историја
уредиАнтички период
уредиОва населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Градиште. Претставува градиште од доцноантичко време. На 3 км североисточно од селото, на висок рид со димензии од 200 х 50 м се зачувани остатоци од бедем граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели од неколку помали објекти[3]. Освен тоа, во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Мездра. Претставува депо на монети од средниот век. Се состои од 72 златни чанковидни монети и една бронзена чанковидна монета, сите од XII век до XIII век. Присутни се монети од Исак II Ангел (1 златна), Јован III Ангел Дука Ватац (57 златни и една бронзена) и Михаил VIII Палеолог (17 златни). Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Струмица.
Отоманско Царство
уредиВо текот на XIX век, селото било мешано. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 23 семејства со 38 жители Македонци и 25 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители Турци[6].
Југославија
уредиПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Чанаклија било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци и 25 до 50 Македонци.[7]
Во 1961 година селото имало 496 жители. Во 1994 година во селото живееле 569 луѓе, од кои 278 Турци и 215 Македонци[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Чанаклија има 421 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 360 |
Албанци | 0 |
Турци | 22 |
Роми | 4 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 35 |
На пописот од 2002 година, селото имало 598 жители. Следува табела на националната структура на населението[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 512 |
1953 | 106 | — | 433 | — | 15 | — | — | 1 | 555 |
1961 | 215 | — | 278 | — | — | 2 | — | 1 | 496 |
1971 | 378 | — | 35 | — | — | — | — | — | 413 |
1981 | 507 | — | 38 | — | — | 1 | — | — | 546 |
1991 | 515 | — | 42 | — | — | — | — | — | 557 |
1994 | 529 | — | 40 | — | — | — | — | — | 569 |
2002 | 554 | — | 41 | — | — | — | — | 3 | 598 |
До 1961 година, Турците сочинувале повеќе од половина од вкупниот број на население, но од наредната пописна 1971 година бројот на Турците значително се намалува, додека бројот на Македонците бележи благо зголемување. Намалувањето на Турците во селото се должи пред сè, на нивното постепено иселување во Турција, во средината на XX век.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1810 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 479 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[3]
- Цркви[11]
- Црква „Св. Наум Охридски“ - православна манастирска црква во селото. Изградена е во 1995 година и осветена во 2000 година од страна на струмичкиот епископ, господин Наум;
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - католичка црква во селото. Изградена е во 1991 година, а осветена од бискупот господин Јоаким Хербут;
Галерија
уреди-
Поглед на дел од селото
-
Поглед на влезот на селото
-
Глетка од селото
-
Глетка од селото
-
Глетка од селото
-
Манастирската црква Св. Наум над селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.307.
- ↑ 3,0 3,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.