Кадино Село
Кадино Село — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.
Кадино Село | |
Координати 41°18′24″N 21°27′34″E / 41.30667° СГШ; 21.45944° ИГД | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Прилеп |
Население | 269 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20045 |
Надм. вис. | 613 м |
Слава | Мала Богородица |
Кадино Село на општинската карта Атарот на Кадино Село во рамките на општината | |
Кадино Село на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКадино Село е сместено во областа Пелагонија, во јужниот дел на Прилепско Поле. Лежи меѓу Галичани на исток, Мало Коњари на север и Боротино на запад.
Историја
уредиЗа време на Отоманското Царство, Кадино Село му припаѓало на некој прилепски кадија, по што го добило и името.[2] Турците го нарекувале Кади-ќој. Во XIX век, Кадино Село било село во Прилепската каза на Отоманското Царство. На 24 март 1902 година, охридскиот војвода Методија Патче при престојот во Кадино Село ќе биде предаден на властите. Војводата со својата чета која броела седум членови од старата кула во селото се бореле против 500 турски војници. Борбата траела до наредниот ден, а кога им снемало муниција војводата и револуционерите херојски се самоубиле. Кон крајот на турското ропство во Кадино Село биле затекнати осум чифлици, чии сопственици биле: Рашид-бег, Гура-ефенди, Музуровци, Изет-ага, Фаик-паша, Ештреф-ефенди, Алиабовци и Милан Небреклија.[2] По 1912 година повеќето жители ја купиле земјата од чифликсајбиите, а помал дел ја добиле со аграрната реформа.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кадино Село живееле 300 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кадино Село имало 264 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кадино се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 36 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Во 1961 година селото има 564 жители, додека во 1994 година населението се намалило на 314 жители.
Кадино Село е македонско национално село по големина со население и според пописот од 2002 година, има 269 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 237 жители, од кои 224 Македонци, 1 Албанец, 1 Турчин, 1 останат и 10 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340 | 264 | 520 | 533 | 564 | 521 | 418 | 328 | 314 | 269 | 237 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиКадино Село е македонско село.
Родови во селото се:
- Доселеници: Самарџиовци (11 куќи) и Митревци (6 куќи) порано чинеле еден род - Кутловци. Доселени се од некое битолско село, го знаат следното родословие: Велко (жив на 60 г. во 1950-тите) Ѓорге-Илија-Коте, се доселил неговиот татко; Стевчевци (3 куќи) доселени се однекаде; Јовевци (7 куќи) родот го основал Јове, доселени се во првата половина на XIX век од селото Мало Коњари, таму им се род Анѓелевци. Го знаат следното родословие: Диме (жив на 100 г. во 1950-тите) Ристе-Јове, основачот на родот кој дошол. Подалечно потекло овој род има од Албанија; Музуровци (7 куќи) доселени се од селото Утово во Железник, за нив се вели дека се Брсјаци; Ќебаковци (10 куќи), Ѓорчевци (7 куќи) и Врбовци (5 куќи) порано биле еден род - Вршиконоповци, доселени се од некое битолско село; Боневци (3 куќи) и Цветановци (3 куќи) доселени се однекаде; Малкадија (2 куќи) доселени се пред 1912 година од селото Дрен во Тиквеш; Чукале (1 куќа) доселени се пред 1912 од некое соседно село; Черговци (1 куќа) и Мертовци (1 куќа) доселени се од Крушеани. И таму биле доселени однекаде; Парталко (1 куќа) доселени се после 1912 година од Свето Тодори; Мицковци (1 куќа) потекнуваат од домазет доселен од селото Загорани; Чагорци (1 куќа) доселени се од Заполжани после 1918 година, подалечно потекло од селото Чагор.[13]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1449 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 205 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од 1862 г.
Редовни настани
уредиЛичности
уреди;Починале
- Методија Патче — македонски револуционер
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиСе знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Ангелевци иселени се во Мало Коњари. Бошевци иселени се во Мало Рувци. Муловци иселени се во Алинци. Барлевци и Илијовци иселени се во Галичани. Чапраговци иселени се во Големо Коњари. Има иселеници и во Прилеп. Највеќе иселеници има во Галичани. А народот од Кадино Село, вели дека пола село од Галичани потекнува од Кадино Село.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 335.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.