Никодин

село во Општина Прилеп

Никодин — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Никодин

Поглед на селото Никодин

Никодин во рамките на Македонија
Никодин
Местоположба на Никодин во Македонија
Никодин на карта

Карта

Координати 41°26′36″N 21°43′47″E / 41.44333° СГШ; 21.72972° ИГД / 41.44333; 21.72972
Регион  Пелагониски
Општина  Прилеп
Област Раец
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20072
Надм. вис. 600 м
Никодин на општинската карта

Атарот на Никодин во рамките на општината
Никодин на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Никодин се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, под североисточната падина на планината Бабуна. Селото се простира на надморска височина од 600 м. Од градот Прилеп е оддалечено 37 км. Неговиот атар зафаќа површина од 52,6 км2.[2]

Историја уреди

Во XIX век, селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство.

На 4 април 1907 година, селото било нападнато од страна на српска чета и било заштитувано од селската полиција. Четите на ВМОРО предводени од Петар Ацев и Георги Попов пристигнале да им укажат помош на селаните, така што успеале да го одбранат селото, но војводата Георги Попов загинал во битката.[3]

Во Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 2.528 ха, на пасишта отпаѓаат 1.512 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 1.029 ха.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948550—    
1953528−4.0%
1961437−17.2%
1971212−51.5%
198166−68.9%
ГодинаНас.±%
199129−56.1%
199410−65.5%
20027−30.0%
20211−85.7%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Никодин било село со 80 домаќинства и 343 жители.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Никодин имало 70 куќи.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 240 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]

Од Никодин се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 437 жители, а во 1994 година само 10 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 7 жители, од кои 6 Македонци и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жители, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 550 528 437 212 66 29 10 7 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Никодин е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

  • Староседелци: Поповци (26 к.), Видовци-Пирковци (8 к.), Голичовци (2 к.), Мирчевци (2 к.), Чундевци (7 к.), Тодевци (4 к.), Миновци (9 к.), Ордановци (5 к.), Кишковци (7 к.), Сурковци (3 к.), поп-Ристовци (9 к.) и Момировци (4 к.)
  • Доселеници: Новоселци (9 к.) доселени се од раселеното село Желишта кај Грбовец во средината на XVIII век; Глоговичани (6 к.) доселени се од раселеното село Глоговица; Варижановци (3 к.) доселени се од селото Фариш; Бошњаковци (1 к.) доселени се од селото Ракле; Балчевци (1 к.) доселени се од селото Крстец; Паровци (1 к.) доселени се од селото Ракле.[14]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1429 кое е сместено во приватна куќа.[15]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[16]

Културни знаменитости уреди

 
Старата манастирска црква „Св. Троица“
 
Црквата „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[17]
Манастири
Цркви


Личности уреди

Родени во Никодин

[22]

Починати во Никодин

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 208.
  3. Биография на Георги Попов на сайта на ВМРО-БНД София[мртва врска]
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 866.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  15. „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
  16. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Посетено на 7 јуни 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  18. Црква „Св. Атанасиј“, село Никодин“. OldPrilep. 10 декември 2011.
  19. Црква „Света Троица“, село Никодин“. OldPrilep. 17 април 2017.
  20. Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин“. OldPrilep. 28 февруари 2017.
  21. „МАНД: Членови“. Архивирано од изворникот на 2020-06-09. Посетено на 2014-01-24.
  22. Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 15.

Надворешни врски уреди