Шемшево
Шемшево (познато и како Шемшово) — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Шемшево Шемшово | |
Улица низ селото | |
Координати 42°1′28″N 21°4′46″E / 42.02444° СГШ; 21.07944° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Јегуновце |
Област | Долен Полог |
Население | 1.532 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1228 |
Повик. бр. | 044 |
Шифра на КО | 28091, 28591 |
Надм. вис. | 405 м |
Шемшево на општинската карта Атарот на Шемшево во рамките на општината | |
Шемшево на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат се сретнува во историските документи како Шемшево во XVI век (1568-69 г.).Името е уште од римското царство [2]
Географија и местоположба
уредиОва големо село се наоѓа во областа Долен Полог, сместено во југозападниот дел на територијата на Општина Јегуновце, од левата страна на реката Вардар.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 405 метри. Од градот Тетово е оддалечено 15 километри.[3]
Во селото се спојуваат регионалните патишта Р2242 и 29274.
Шемшево е поголемо село во котлинската рамнина, сместено помеѓу реката Вардар на исток, како и селата Жилче на запад, Озормиште на југозапад и Прељубиште на североисток. Водата за пиење се добивала од бунари, кои се наоѓаат по дворовите.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кртина, Требеница, Река, Леска, Габер Бубојца, Рупа, Вардиште и Јурија.[4]
Селото има збиен тип и куќите се групирани во пет маала наречени Тркаљач, Џаферци, Карамановци, Маџере и Рисјанско Маало. Помеѓу маалата се наоѓа поголем празен простор како сретсело.[4]
Историја
уредиШемшево е старо село. Во него порано живееле стари христијански родови. Тие родови подоцна се иселиле (Блажески, 1 к., сега живеат во Озормиште и други), а на нивно место се доселиле родови од разни страни.[4]
За време на отоманскиот период, еден дел од Шемшево бил чифчиско село. Прв чифлиг во селото основал Турчинот Љакуш, кој основал еден од денешните истоимени родови. Подоцна бил создаден и чифлиг на муслиманите Уковци. Бидејќи родот на Уковци изумрел, овој чифлиг бил присвоен од албанскиот род Желинци, каде била омажена девојка од родот Уковци.[4]
Стопанство
уредиАтарот на селото е мал и зафаќа простор од само 3,1 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 285 хектари.[3]
Во основа, селото има полјоделска функција. Во него има услужни објекти.[3]
До 1912 година, мештаните од Шемшево имале право да сечат шума и да користат пасишта на Жеден, помеѓу селата Туденце и Сиричино. Денес, на сиричинскиот атар има месност Шемшевски Рид.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шемшево живееле 214 жители, од кои 60 Македонци христијани и 154 Албанци муслимани.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шемшево имало 24 Македонци под врховенството на егзархијата.[6]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Шемшево е седиште на Шемшевска општина и има 43 куќи со 554 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100Македонци и 350 Албанци.[8]
Шемшево во 1961 година имало 940 жители од кои 777 биле Албанци, 156 Македонци и шест жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 1.569 жители, од кои 1.448 биле Албанци, 118 Македонци и двајца жители Турци.[3]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Шемшево, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Шемшево живееле 1.737 жители, од кои 113 Македонци, 1.616 Албанци, 4 Турци и 4 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.532 жители, од кои 116 Македонци, 1.393 Албанци, 1 Србин и 22 лица без податоци.[10]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Шемшево:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | 695 |
1953 | 162 | 633 | 6 | 0 | 2 | — | 803 |
1961 | 156 | 777 | 6 | 0 | 1 | — | 940 |
1971 | 175 | 980 | 19 | 1 | 1 | — | 1.176 |
1981 | 164 | 1.259 | 3 | 5 | 49 | — | 1.480 |
1991 | 145 | 6 | 0 | 1 | 5 | — | 157 |
1994 | 118 | 1.448 | 2 | 0 | 1 | — | 1.569 |
2002 | 113 | 1.616 | 4 | 0 | 4 | — | 1.737 |
2021 | 116 | 1.393 | 0 | 0 | 1 | 22 | 1.532 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
уредиШемшево е мешано православно-муслиманско село. Православното население говори македонски, додека муслиманското население говори турски и албански.[4]
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Македонски родови: Цицковци или Ѓоревци (12 к.), доселени се од некое село во Прилепско. Го знаат следното родословие: Младен (жив на 53 г. во 1940-тите) Васо-Јане-Стојче, еден од нивните први доселеници. Доселени се како чифлиџии. Имаат иселеници во Подбреѓе (домазет) и во Слатино; Кантаровци (3 к.), имаат исто потекло како и претходниот род, со нив порано чинеле еден род. Имаат иселеници во Војводина (едно семејство); Цинговци (7 к.), доселени се од некое село во Гостиварско, овде живеат од првата половина на XIX век. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 75 г. во 1940-тите) Ѓоргија-Бошко-Коста, еден од нивните први доселеници. Имаат иселеници во Тетово (две семејства); Димовци (2 к.), имаат исто потекло и време на доселување како и родот Цицковци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Б. Станкоски (1 к.), доселен е по мајка од Рогачево, таму припаѓал на родот Станковци.
- Муслимански родови:
- Муслимански родови со турски јазик: Љакуш (2 к.), во нивните куќи се зборувало само турски, но почнал да преовладува албанскиот поради брачни врски, затоа го употребуваат сега и албанскиот. Доселени се од Тетово, они се прв населен муслимански род во селото; Шалимановци (1 к.), доселени се од Тетово. До 1946 година во Шемшево имале голем посед, кој потоа им се доделил со аграрна власт и на другите жители на селото.
- Муслимански родови со албански јазик: Тркаљачи или Ајровци (38 к.) и Џаферовци (8 к.), доселени се од селото Топојани во Љума, во родот Ајровци се знае следното родословие: Даут (жив на 59 г. во 1940-тите) Зеќир-Ајрула-Азис-Синан, еден од нивните први доселеници. Во родот Џаферовци се знае следното родословие: Мусо (жив на 78 г. во 1940-тите) Мерсељ-Муслија-Џафер, кој се доселил; Желинци (7 к.), доселени се од Желино, таму се гранка на родот Сканде, подалечно потекло од Љура во Албанија, го знаат следното родословие: Тефик (жив на 69 г. во 1940-тите) Емин-Јашар-Беќир, кој се доселил од Желино; Каримановци (6 к.), доселени се од некое место во Албанија, го знаат следното родословие: Берзат (жив на 67 г. во 1940-тите) Исмаил-Кариман, кој се доселил; Фариз (3 к.), доселени се од селото Нераште, подалечното потекло не го знаат. Го знаат следното родословие: Незир (жив на 70 г. во 1940-тите) Иљаз-Фарис, кој се доселил; Маџер (3 к.), доселени се во 1878 година од околината на Врање и Ибиш (1 к.), доселени се од Копачин Дол, Скопско. Во Копачин Дол припаѓаат на родот Скрчек.
- Ромски родови: Авдије (1 к.), доселени како ковачи од соседното село Прељубиште.
Иселеништво
уредиОд селото се знае за следниве иселеници:[4]
Општествени установи
уреди- ОУ „Шемшево“ - Шемшево, централно деветгодишно основно училиште
- Амбуланта
- Пошта (1228)
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Шемшево било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Селото претставува дел од Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со додавање на поранешната Општина Вратница. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така дел од Општина Јегуновце.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Шемшево, во која покрај селото Шемшево, се наоѓале и селата Жилче, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Озормиште, Подбреѓе, Прељубиште, Раотинце, Сиричино и Туденце. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Шемшево, во која влегувале селата Озорниште, Прељубиште, Сиричино, Туденце и Шемшево.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2125 и 2126 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.699 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.730 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[14]
- Сред Село, населба и некропола од доцноантичкото време.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1913 година на темели на стара црква.
Која што во записите датира од 1478 година.
- Џамии[15]
- Џамија — главна селска џамија, изградена во 1890 година.
-
Селската џамија
-
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Редовни настани
уреди- Ѓурѓовден — црковна слава
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Шемшево
- Костадинка Коца Ѓорѓиевска (р. 1952) — македонска поетеса
- Абдилаќим Адеми (1969-2018) — македонски политичар, член на ДУИ
- Изаир Сами — член на ОНА, терорист
- Рахим Самиу — член на ОНА, терорист
Култура и спорт
уредиВо селото работи фудбалскиот клуб Шемшево 1984.
Галерија
уреди-
Куќи во селото
-
Спортска сала во селото
-
Куќи во селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 203. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 322. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 446–447.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 427. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 15,0 15,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- Забелешки
- ↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.
Надворешни врски
уреди- Шемшево на Ризницата ?
- Општина Јегуновце