Даме Груев (населба)

населба во Општина Ѓорче Петров, Скопје

Даме Груев — населба во Скопје, на подрачјето на Општина Ѓорче Петров. Исто така овој дел од Скопје се препознава како населба Ге-Ге, и го опфаќа просторот околу улицата Лука Геров. Населбата се простира на 2,5 км2 и има приближно 20 000 жители (Македонци - 80 %, Роми - 15 %, останати - 5 %). До осумдесеттите години ова место било ретко населено и било познато како „Гола Гузица“ (Ге-Ге). Главната улица (денеска „Лука Геров“) бил патот кој водел до с. Ново Село, па затоа за некои ова место било познато уште како и „Новоселски Пат“. Кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите значително е зголемен бројот на куќи, а подоцна и згради со што нагло се зголемува населението и се формира месна заедница, а населбата го добива името „Даме Груев“.

Поглед на населбата (фотографирано над Скопската обиколница)
Даме Груев на картата на Општина Ѓорче Петров.

Бидејќи населбата е релативно нова, нејзиниот урбанистички план е модерен со прави улици хоризонтално и вертикално во налик на шаховска табла [1]. Позначајни објекти се основното училиште „Страшо Пинџур“, детската градинка „Пампурче“[1], касарната „Ѓорче Петров“, најновиот центар за технички преглед на возила, воениот отпад и друго. Северно од населбата поминува реката Лепенец.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта
  • Гологузица — осамен наод, гроб на кремиран покојник од римско време

Наводи

уреди
  1. „(ФОТОГАЛЕРИЈА) Чекаа со години за нова градинка“. Дневник. 9 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2012-11-09.
  2. Осветени темлите на новата црква „Свето Преображение Христово“[мртва врска]