Бајловце
Бајловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Бајловце | |
Координати 42°13′49″N 21°57′43″E / 42.23028° СГШ; 21.96194° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 61 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17006 |
Надм. вис. | 628 м |
Бајловце на општинската карта Атарот на Бајловце во рамките на општината | |
Бајловце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општината Старо Нагоричане, во ридско-планинската област Козјачија. Населбата е ридска и лежи на надморска височина од 600 до 760 метри. Од градот Куманово селото е оддалечено 32 км.
Историја
уредиСтопанство
уредиАтарот е голем и зафаќа простор од 23 км2. На него преовладуваат пасиштата на површината од 1380,4 ха, потоа обработливото земјиште на кое отпаѓаат 634,6 ха, и шумите на 39,2 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бајловце имало 129 жители, од кои 126 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 57 Македонци и 4 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 910 | 880 | 792 | 776 | 707 | 536 | 328 | 182 | 153 | 129 | 61 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиБајловце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Доселени со познато потекло: Височани (19 к.), Тресоглавци (9 к.), Рудињци (8 к.) и Герасинци (6 к.) сите потекнуваат од ист предок, според преданието доселени се од околината на Крагуевац, Србија.
- Доселеници со непознато потекло: Павлевци (15 к.), Крстинци (6 к.), Долнобозовчани (13 к.), Горнобозовчани (8 к.), Таверци (8 к.), Грмаѓани (7 к.), Белчинци (4 к.), Грујинци/Грујовци (4 к.) и Ремењарци (4 к.).[10]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[11]
- Блатец — средновековна населба и некропола
- Високо — градиште од средниот век
- Далјан Бозовиќ — средновековна некропола
- Рамњанска Драка — средновековна населба
Во селото постои мошне стара црква „Св. Димитрие“, но не е познато кога е изградена.
Иселеништво
уредиБајловце нема многу добри услови за живот, и затоа од него се иселувало населението. Машкото население најпрво одело на печалба во Скопје и Куманово, а потоа го повлекувало и семејството со себе. Па така од Бајловце има огромен број на иселено население во Скопје (200 семејства) и во Куманово (100 семејства).
Има и други постари иселеници во некои кумановски и скопски села. Орманци иселени се во селото Пелинце. Тодоровци иселени се во селото Карловце. Пирајци иселени се во селото Пузајка. Трајановци иселени се во селото Дељадровци.[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 16–17.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 9989649286.