Романовце
Романовце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Романовце | |
Координати 42°5′40″N 21°41′35″E / 42.09444° СГШ; 21.69306° ИГД | |
Регион | Жеглигово |
Општина | Куманово |
Население | 2.566 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1322 |
Шифра на КО | 17086, 17586 |
Романовце на општинската карта Атарот на Романовце во рамките на општината | |
Романовце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Романовце се наоѓа во близина на Куманово, во котлината Жеглигово.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Рахманли и имало мешано христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 24 христијански и 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 104 мажи муслимани со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 416 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 509 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци, 500 Албанци, 150 Турци и 50 Роми.[5]
Според пописот од 2002 година во Романовце живееле 2.794 жители, од кои: 716 Македонци, 2.028 Албанци, 35 Турци, 6 Срби и 9 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.566 жители, од кои 569 Македонци, 1.804 Албанци, 11 Турци, 3 Срби, 1 Бошњак, 7 останати и 171 лице без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.981 |
1953 | 997 | 72 | 939 | 44 | — | 30 | ... | 5 | — | 2.087 |
1961 | 1.013 | 126 | 833 | ... | ... | 41 | ... | 64 | — | 2.077 |
1971 | 924 | 292 | 939 | 9 | ... | 31 | ... | 43 | — | 2.238 |
1981 | 860 | 940 | 663 | — | — | 10 | ... | 19 | — | 2.492 |
1991 | 749 | 17 | 69 | — | — | 6 | ... | 3 | — | 844 |
1994 | 711 | 1.722 | 145 | — | — | 6 | ... | 7 | — | 2.591 |
2002 | 716 | 2.028 | 35 | — | — | 6 | — | 9 | — | 2.794 |
2021 | 569 | 1.804 | 11 | — | — | 3 | 1 | 7 | 171 | 2.566 |
Родови
уредиРомановце е мешано православно-муслиманско село.
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
- Македонски: Латиновци (32 к.), Ѓорчевци (17 к.) и Ристевци (12 к.) потекнуваат од ист предок. Основачот на овие родови се доселил пред 250-60 години од некое место во околината на Гнилане во Косово. Во првиот род го знаат следното родословие: Младен (жив на 74 г. во 1963 година) Величко-Цветко-Ѓорче-Марко-Латин, основачот на родот кој се доселил и се оженил со девојка од селото Текија; Колевци (12 к.) и Цеевци (12 к.) доселени се од селото Раштак; Жмијаци (19 к.), Сердарци (17 к.), Бобевци (8 к.), Стаменковци (6 к.) и Големиновци (9 к.) доселени се, но не знаат од каде; Шупљокаменци (3 к.), Пезовчанци (2 к.) и Пчињци (2 к.) доселени се во 1917 година, првите од селото Шупљи Камен, вторите од Пезово, а третите од селото Пчиња; после Втората светска војна во селото се доселиле околу (30 к.) од Кривопаланечко и околината на Босилеград.
- Албански: Шутевци (30 к.), Биљаловци (15 к.), Дураци (10 к.), Брцолари (10 к.), Емруловци (6 к.), Ајдиновци (6 к.) и Мусовци (6 к.) се стари селски родови. Веројатно некои од нив потекнуваат од првите три куќи што го основале селото Романовце. Поедино се знае дека родот Биљаловци е доселен од Топојани во Љума, а Ајдиновци и Дураци се од фисот Гаш во северна Албанија; Дошљак (2 к.) доселени се во 1878 година од некое село кај Сурдулица; Станчиклије (10 к.), Жегралије (4 к.) и Мојанчанци (11 к.) доселени се после 1912 година. Првите од селото Станчиќ кај Гнилане, вторите од селото Жегре кај Гнилане, а третите се од селото Мојанци.
- Турски: Ипчевци или Алимовци (8 к.) овде се од турско време, но не знаат од каде се доселени.
- Ромски: Реџовци (1 к.) селски ковачи се.[9]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.