Вејце
Вејце — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Вејце | |
Координати 42°4′58″N 20°55′30″E / 42.08278° СГШ; 20.92500° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 848 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28009 |
Надм. вис. | 1443 м |
Вејце на општинската карта Атарот на Вејце во рамките на општината | |
Вејце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Вич со 70 семејства, 2 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[2]*Масакрот кај Вејце - На 28 април 2001 година, комбинираната патрола, составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени „Волци“ при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17:45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.[3]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.127 жители, од кои 1 Македонец, 1.114 Албанци и 12 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 848 жители, од кои 2 Македонци, 804 Албанци и лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 506 | 532 | 641 | 765 | 916 | 0 | 381 | 1.127 | 848 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиВејце е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Албанизирани родови: Укалар (3 к.), Адилалар (3 к.), Мусас (2 к.), Бучки (3 к.), Џаке (1 к.), Ушка (9 к.), Демиролар (3 к.) и Торбе (10 к.) порано зборувале македонски. но мешајќи се со Албанците се албанизирале. Доселени се од Љубиње, кај Средска и други блиски места во Косово.
- Албански родови: Јерли или Османолар (16 к.), Ќаче (6 к.), Меица (6 к.), Поте или Поталар (19 к.), Топојан (2 к.), Велија или Оџа (2 к.) и Пече (1 к.) сите се доселени од разни места во северна Албанија.[11]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1995 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 848 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Мурат Бафтијари (1918 - 19 септември 1944) - македонски партизан;
- Хисен Џемаили (р. 9 февруари 1976) - македонски политичар, пратеник во Македонското собрание и поранешен командант на ОНА, обвинуван за учество во терористички акции;[14][15]
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиПред да биде албанско селото, тоа било македонско православно. Сега се знае за православни иселеници во Призрен, Косово. Од муслиманите иселеници има во Тетово, Турција.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.373
- ↑ „МАСАКРИТЕ ОД 2001 ГОДИНА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ЗАБОРАВАТ И ДА ИМ СЕ ПРОСТАТ НА "КРТОВИТЕ-ПРОКЛЕТНИЦИ"“. Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Посетено на 2012-01-01.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „ХИСЕН ЏЕМАИЛИ“. Собрание на Македонија. Посетено на 2012-01-01.
- ↑ „Хисен Џемаили нуди куќа за слобода“. Дневник. 8 јануари 2009. Посетено на 2012-01-01.