Драгов Дол
Драгов Дол — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Драгов Дол | |
Поглед на селото Драгов Дол | |
Координати 41°36′9″N 21°13′5″E / 41.60250° СГШ; 21.21806° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03015 |
Надм. вис. | 510 м |
Драгов Дол на општинската карта Атарот на Драгов Дол во рамките на општината | |
Драгов Дол на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од десната страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 510 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 20 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 485,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 31,7 хектари, а на пасиштата само 4,1 хектар.[2]
Селото е сместено на самиот регионален пат од градот Македонски Брод до селото Белица.
Историја
уредиВо XIX век, Драгов Дол било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиСелото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драгов Дол имало 40 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгов Дол имало 40 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Драгодол се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]
Селото е мало во фаза на раселување. Во 1961 година, селото броело 141 жител, а во 1994 година само 24 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Драгов Дол имало 23 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 40 | 40 | 115 | 130 | 141 | 80 | 46 | 33 | 24 | 23 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Драгов Дол се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0245 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[15]
- Рамниште — населба од доцноантичко време
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Помошен објект кај самите гробишта
-
Влезот кај новоизградениот црковен објект
-
Задниот дел на новоизградениот објект
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 111. Посетено на 7 октомври 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 октомври 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Драгов Дол на Ризницата ?