Буковиќ
Буковиќ — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Буковиќ | |
Координати 41°58′5″N 21°14′12″E / 41.96806° СГШ; 21.23667° ИГДКоординати: 41°58′5″N 21°14′12″E / 41.96806° СГШ; 21.23667° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 1.842 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1063 |
Шифра на КО | 25020, 25520 |
Надм. вис. | 499 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Буковиќ се наоѓа во западните делови на Скопската Kотлина, во близина на автопатот Скопје - Тетово. Селото се наоѓа на десниот брег на реката Суводолица.
ИсторијаУреди
Кон крајот на XIX век Буковиќ било дел од Скопската каза на Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Буковиќ живееле 180 жители, сите Албанци.[2]
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[3] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.723 жители, од кои 1.721 Албанец, 1 Македонец и 1 останат.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Буковиќ има 1.842 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Албанци | 1.769 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 73 |
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180[2] | 358 | 348 | 385 | 517 | 699 | 935 | 1.077 |
РодовиУреди
Буковиќ е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Салае (22 к.), Деме (11 к.), Дервише (11 к.) и Мулаи (8 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од некое место во северна Албанија.
- Леске или Карач (9 к.) доселени се од селото Биче кај Љума во Албанија.
- Шумили (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.
- Торбеши (6 к.) и Дибрани (10 к.) потеклото на овие два рода е торбешко. Порано нивните предци збореле македонски. Доселени се од Долна Река и Дебарско.[7]
Општествени установиУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Буковиќ, на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |