Спанчево
Спанчево — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Спанчево | |
![]() Поглед кон Спанчево од пругата кај Чешиново | |
Координати 41°54′20″N 22°18′30″E / 41.90556° СГШ; 22.30833° ИГДКоординати: 41°54′20″N 22°18′30″E / 41.90556° СГШ; 22.30833° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 1.048 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13039, 13539 |
Надм. вис. | 309 м |
![]() |
ГеографијаУреди
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, на 10-на км западно од Кочани. Претставува ридска населба на надморска височина од 350 метри. Атарот зафаќа 16,7 км2. Селото има полјоделско-сточарска функција.
ИсторијаУреди
На ритчето кај црквата „Св. Атанасиј”, се наоѓа енеолитска населба, од периодот 4000 години пр.н.е. Уште при првите ископувања, откриен е објект во кој се извршувале верски обреди и пронајдени се многу предмети од керамика.[2]
Во текот на 2007 година, во близината на селото, при вршење на земјоделски работи биле пронајдени повеќе женски фигурини кои потекнуваат од бакарното време, што ги поттикнало археолозите да започнат со сондажни истражувања. За истражувањата одобрени биле средства од Министерството за култура.
Откриени се праисториски алатки изработени од коска и камен, накит од школки, фигури со антропоморфни и зооморфни карактеристики, керамика со врежување на разни фигури, како и рогови од крави и елени. Од истражениот простор може да се заклучи дека луѓето го користеле како праисториско светилиште во периодот на бакарното време, односно во четвртиот милениум пред нашата ера.[3]
Во XIX век, селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Спанчево живееле 760 жители, сите Македонци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Спанчево имало 608 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало 1.048 жители, сите Македонци и претставува голема населба со стабилна демографска положба.[6]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 760[4] | 608[5] | 923 | 1.043 | 1.209 | 1.136 | 1.090 | 1.051 | 1.061 | 1.048 |
РодовиУреди
Спанчево е македонско село.
Родови во селото: Ризовци (10 к.) најстар род во селото, доселени се, али не знаат од каде; Голомевци (22 к.) втор најстар род во селото, и они не знаат од каде се доселени; Драјчевци (25 к.) доселени се од некое село во Малешевијата (беровско); Ивковци (11 к.) доселени се од некое место во Дебарско, затоа ги викаат и Арнаутовци; Толошманци (8 к.), Пелетечки (6 к.) и Ламбевци (6 к.) порано биле еден род, доселени се од селото Талашманце, Кратовско. Од Талашманце најпрво се иселиле во Рајчани, па од таму во Спанчево. Го знаат следното родословие: Јордан (жив на 66 г. крајот на 1950-тите) Апостол-Михо-Ристо-Арсо. Ристо прешол во Рајчани, а Михо во Спанчево; Рајчанци (8 к.) доселени се од селото Рајчани, еден дел од родот се вика Поповци, и во Рајчани биле доселени однекаде; Свиланци (3 к.) доселени се во втората половина на XIX век од сега раселеното село Свиланово, го знаат следното родословие: Крсто (жив на 65 г. крајот на 1950-тите) Мите-Костадин, кој се доселил; Демировци (8 к.), Шејтановци (5 к.), Боцевци (12 к.), Ризовци (10 к.), Грбевци (3 к.), Ѓурчиновци (2 к.), Тарлевци (10 к.), Петашки (7 к.), Ѓурчиновци (2 к.) и Крушивци (5 к.) доселени се однекаде, сите се доселени до крајот на турското владеење; Додевци (1 к.) и Егејци (4 к.) доселени се после војните, од 1945 натака, првите се доселени од селото Конопница, Кривопаланечко, а вторите од Егејска Македонија.[8]
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 887 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 823 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Верски објекти
- Црква „Св. Архангел Михаил“
- Црква „Св. Атанасиј“ при Спанчевскиот манастир
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Браница — населба римско време
- Големенско Маало — некропола од доцноантичко време
- Градиште — збег од доцноантичко време
- Грамадски Рид — градиште од доцноантичко време
- Пат Спанчево-Бања — некропола од железно време
- Петков Дол — населба од неолитско и римско време
- Селиште — населба од доцноантичко време
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 12.06.2008 vest.com.mk Архивирано на 26 јули 2012 г.
- ↑ Во "Св. Атанасиј" откриена фигура на машка глава од енеолитот, Вечер, 30 октомври 2010
- ↑ 4,0 4,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ 5,0 5,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 182. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Спанчево на Карти на Гугл