Дупјачани
Дупјачани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Дупјачани | |
![]() Панорама на Дупјачани | |
Координати 41°26′28″N 21°31′18″E / 41.44111° N; 21.52167° EКоординати: 41°26′28″N 21°31′18″E / 41.44111° N; 21.52167° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Прилепско Поле |
Население | 155[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7504 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20036 |
Надм. вис. | 660 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Дупјачани се наоѓа во Прилепското Поле, под северните огранки на планината Злато, во источнио дел од територијата на Општени Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,9 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 16 км.[2]
Селото се состои од двее маала: Горно и Долно Дупјачани.[3]
ИсторијаУреди
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]
СтопанствоУреди
Во селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 565,6 ха, пасиштата зафаќаат површина од 266 ха, а на шуми отпаѓаат 20,2 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
НаселениеУреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 78 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Дупјачани е поделено на Долно Дупјачани со 22 домаќинства и 107 жители Македонци, и Горно Дупјачани со 28 домаќинства и 132 жители Македонци.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Дупјачани имало 300 жители Македонци христијани, а во Долно Дупјачани 100 жители исто така Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Горно Дупјачани е посочено како село со 240 жители Македонци, а Долно Дупјачани како село со 120 жители Македонци.[8]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 155 жители, од кои 154 Македонци и 1 останат.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[9] | 1905[10] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 400 | 360 | 221 | 216 | 232 | 216 | 179 | 164 | 163 | 155 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
РодовиУреди
Дупјачани е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Дупјачани се:
- Доселеници: Белоковци (6 куќи) доселени се од соседното село Десово кон крајот на XIX век, уште подалечно потекло имаат од селото Будаково; Тошевци (2 куќи) доселени се после родот Белковци од селото Тројкрсти, и таму се доселени однекаде; Пецевци (1 куќа) доселени се од селото Долнени, најпрво се населиле во Десово, па овде; Бучуковци (1 куќа) родот го основал Анѓеле, кој дошол со мајката после премажување на мајката во ова село, Анѓеле бил од селото Дреновци, таму припаѓале на родот Шиниковци; Поречани (4 куќи) доселени се во 1919 година од селото Лупште, Порече; Копиљаковци (3 куќи) и Крстановци (2 куќи) доселени се во 1923 година од селото Лактиње, Дебрца; Дупевци (1 куќа) живееле секаде и во Ропотово, Кошино; Сливовци (2 куќи) доселени се во 1926 година од селото Сливово, Дебрца; Гличевци (1 куќа) доселени се од Горно Село, каде имаат истоимени роднини; Караџовци (1 куќа) доселени се од селото Забрчани, таму имаат истоимени роднини; Билимановци (2 куќи) доселени се од Сенокос; Сушичани (4 куќи) доселени се во 1954 година од селото Сушица, Порече.[12]
Општествени установиУреди
Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[13] Освен тоа, во него има и пошта, земјоделска задруга и проавница.[2]
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 1458 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 102 гласачи.[15]
Културни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Гробишта — некропола од римско време;
- Гробишта I — некропола од римско време;
- Лозја — населба од римско време;
- Петро Ливада — населба и некропола од римско време;
- Селска Црква — осамен наод од римско време;
- Сурун — населба од римско време.
ИселеништвоУреди
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Митковци и Пецевци иселени се во Горно Село. Клацковци и Големковци иселени се во Мажучиште. Ќуфтевци иселени се во Селце. Има и неколку семејства иселени во Прилеп.[12]
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 117-118.
- ↑ 3,0 3,1 „Дупјачани“. OldPrilep. 15 октомври 2014.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 845.
- ↑ Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ (книга 4). Скопје. стр. 89.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Образование“. Општина Долнени.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.