Довезенце
Довезенце (Довезенци или Довезанце) — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Довезанце | |
![]() Ниви во Довезенце | |
Координати 42°6′6″N 21°54′27″E / 42.10167° СГШ; 21.90750° ИГДКоординати: 42°6′6″N 21°54′27″E / 42.10167° СГШ; 21.90750° ИГД | |
Општина | Куманово |
Население | 83 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17031 |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Довезенце живееле 560 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Довезенце имало 40 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 640 Македонци патријаршисти.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 123 жители, сите Македонци. Од половата структура, 66 биле мажи, а 67 жени.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 83 жители, од кои 73 Македонци, 1 Србин и 9 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 560 | 680 | 752 | 796 | 762 | 612 | 392 | 210 | 162 | 123 | 83 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Довезенце е македонско село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Староседелци: Велчевци (10 к.), Џаковци (6 к.), Јовевци (6 к.), Вукановци (6 к.), Далевци (5 к.), Ратковци (5 к.), Младеновци (4 к.), Ајдамци (4 к.), Шупелевци (4 к.), Станковци (3 к.), Николчевци (3 к.), Чепчевци (3 к.), Тодоровци (2 к.), Таировци или Борозанци (2 к.), Милошовци (2 к.), Караџовци (2 к.), Гекевци (2 к.), Божиновци (1 к.), Станишковци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Петковци (1 к.), Топчијовци (1 к.), Тошковци (1 к.), Шанковци (1 к.), Рогожарци (1 к.) и Ристевци (1 к.). Од родот Велчевци потекнувал Јован Довезенски. Во истиот род се знае и следното родословие: Ванко (жив на 72 г. во 1972 година) Пешо-Стојан-Крсто-Велко. Подалечните предци по име не ги знаат.
- Доселеници: Прилепци (2 к.) доселени се од некое село во Прилепско; Мутавџини (5 к.), Милковци (4 к.), Тренчевци (2 к.) и Смилковци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Родовите Тренчевци и Смилковци потекнуваат од ист предок; Мургашанци (2 к.) доселени се од селото Мургаш.[10]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Спас“, изградена во XVI – XVII век
- Археолошки наоѓалишта
- Стара Црква — наоѓалиште на праисториска населба, доцноантичко утврдување и средновековна црква со некропола
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Петко — учител во селото по 1840 г.[11]
- Јован Довезенски (1871 - 1935) — србомански четнички војвода
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Во турско време од ова село имало иселеници во селата Јачинце (Гужваровци), Вак'в (Богданови), Винце (Домазетовци).
Во 1946 година 2 семејства се иселиле во селото Глогоњ кај Панчево.
Меѓутоа од 1958 година почнало најсилното иселување и водело кон градовите Скопје и Куманово.[10]
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“.
- ↑ Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.513.