Арбанашко
Арбанашко — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Арбанашко | |
Поглед кон главниот дел од селото Арбанашко | |
Координати 42°15′54″N 22°0′0″E / 42.26500° СГШ; 22.00000° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 31 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17005 |
Надм. вис. | 770-920 м |
Арбанашко на општинската карта Атарот на Арбанашко во рамките на општината | |
Арбанашко на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во областа Козјачија, во североисточниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане. Селото е раштркано и има ридско-планински карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 770 до 920 метри.[2] Од патот Куманово-Крива Паланка, селото е оддалечено 14 километри, а од самиот град Куманово е оддалечено 34 километри.[2]
Арбанашко е едно од помалите села во Кумановско, но неговата положба имала значење. Заедно со соседното село Рамно се наоѓаат на падините на планината Козјак. Во нивна близина се наоѓа превојот Свиларце (1.160 метри), а преку тој премин водел важниот регионален пат помеѓу двете соседни области, Кумановско и Горна Пчиња.
Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, Арбанашко се наоѓа под селото Рамно и повисоко од Кокино, од кое е оддалено со ридовите Калиште и Бели Брег. Тоа е растурено на неколку долови и толку скриено што човек тешко може да го најде. Според него било поделено на 3 маала: Врбица, Распрук и Арбанашко.[3]
Атарот зафаќа површина од 8,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 397,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 206,1 хектар, а на шумите 203,7 хектари.[2]
Села со кои се граничи Арбанашко се: Рамно, Дејловце, Бајловце и Кокино. Во близина на селото се наоѓаат левите притоки на Пчиња, како Бистрица, која тече спрема запад, и Петрошница, која тече према југозапад.[4]
Селото е од разбиен тип, а маалата се поделени по роднинска линија. Секое маало е составено од 1 до 5 домаќинства и се наречени по нив.[4]
Историја
уредиНародната традиција наведува дека денешните жители се доселеници на ова подрачје. Меѓутоа, тие дошле на местото на старите иселеници, со што мора да се означи ова село како старо. Тоа може да се потврди и од повелбата на познатиот српски средновековен севатократ Дејан, кај се споменува селото Арбанаси. Повелбата, царот Душан ја потврдил на 10 август 1355 година.[4]
Цвииќ и Пурковиќ се сложуваат дека ова село се однесува на денешното Арбанашко. Српскиот географ Јован Цвииќ уште наведува дека „тие Арбанаси биле странци во областа во која се населиле“. Меѓутоа, на атарот на селото сите поими се словенски, а не постојат ниту остатоци кои не биле словенски. Се претпоставува дека името на селото не потекнува од вистинските Арбанаси, туку може да се работи и за Словени иселени од западниот дел.[4]
Во XIX век, Арбанашко било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиВо турско време, плаќало спахилак од 7.000 грошеви и беглик од 3.800 грошеви. Произведувало јаболка.[3]
Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
На атарот на Арбанашко успеваат ’рж, овес и јачмен. Исто така, доста застапено е сточарството, особено одгледувањето овци. Во минатото многу луѓе оделе на печалба.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Арбанашко имало 280 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арбанашко имало 280 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Населбата е мала и во 1961 година броела 263 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 63 жители, од кои 58 Македонци и 4 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Арбанашко имало 40 жители, од кои 38 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 280 | 326 | 288 | 263 | 194 | 118 | 76 | 63 | 40 | 31 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиКако родови во Арбанашко се споменуваат: Стубличани (5 к.), доселени од селото Сурлица од Горна Пчиња (до крајот на Втората светска војна нивното маало се сметало како дел од Кокино); Пајтари (1 к.), доселени од Нерав од Горна Пчиња; Скендерци (3 к.), не им се знае потеклото; Пољанчани (3 к.) и Врбичани (2 к.), потекнуваа од ист предок; Бајрактарци (4 к.) и Лингурци (2 к.), и тие потекнуваат од еден предок; Колчаковци (5 к.), доселени од негде; Гајаци (1 к.), Куравци (1 к.) и Кашкалци (1 к.), сите од еден предок; Мурудинци (2 к.) и Гарејци (2 к.).[4]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ до IV одделение, подрачно училиште на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ - Драгоманце
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Арбанашко, во која влегувале селата Арбанашко, Буковљане, Длабочица, Рамно и Цветишница.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Арбанашко, во која покрај селото Арбанашко се наоѓале и селата Буковљане, Дејловце, Длабочица, Осиче, Рамно и Цветишница.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Вознесение Христово“ — недоизградена селска црква, сместена во главниот дел на селото
- Споменици
- Споменик на НОБ, подигнат во чест на 40-годишнината од заседанието на АСНОМ, на кој се опишаните позначајните настани на подрачјето на месната заедница Арбанашко, жртвите и загинатите борци
Редовни настани
уреди- Спасовден — народен собир
Иселеништво
уредиСелото по Втората светска војна бележи намалување на бројот на жители. Главно жителите се иселувале во Скопје (20 домаќинства) и во банатското село Глогоњ (10 домаќинства). Исто така, родот Арбанашанци (околу 25 к.) се населиле во близина на Куманово, додека Мајорци (1 к.) живеат во Облавце.[4]
Галерија
уреди-
Дел од главниот дел на селото
-
Дел од главниот дел на селото
-
Објекти на самото сретсело
-
Дел од сретселото
-
Едно од одвоените маала на Арбанашко
-
Внатрешноста на недоизградената селска црква
-
Селските гробишта
- Споменик на НОБ
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 12. Посетено на 13 април 2017.
- ↑ 3,0 3,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 372. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 126-127.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.