Куманово
Куманово — град кој се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, во Кумановската Котлина (Жеглигово), на надморска височина од 340 метри, распространет од двете страни на реките Липковка и Кумановка.
Куманово | |||
---|---|---|---|
Град | |||
![]() Куманово ноќе | |||
| |||
Местоположба на Куманово во Македонија | |||
Местоположба на Куманово во Македонија | |||
Координати: 42°08′00″N 21°43′00″E / 42.13333° СГШ; 21.71667° ИГДКоординати: 42°08′00″N 21°43′00″E / 42.13333° СГШ; 21.71667° ИГД | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Североисточен регион | ||
Општина | Општина Куманово | ||
Првпат споменат во | 1519 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Максим Димитриевски (СДСМ) | ||
Надм. вис. | 330 м | ||
Население (2002) | |||
• Вкупно | 70.842 | ||
Демоним | Кумановци (мн.) | ||
Часовен појас | UTC+1 | ||
• Лете (DST) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 031 | ||
Рег. таб. | KU | ||
Мреж. место | www.kumanovo.gov.mk |
Содржина
- 1 Етимологија
- 2 Историја
- 3 Археолошки локалитети
- 4 Географија
- 5 Населби во Куманово
- 6 Kлима
- 7 Насeление
- 8 Религија
- 9 Економија
- 10 Образование
- 11 Kултурa
- 12 Архитектура
- 13 Транспорт
- 14 Спорт и рекреација
- 15 Знаменитости
- 16 Ноќен живот
- 17 Личности
- 18 Братски градови
- 19 Поврзано
- 20 Извори
- 21 Наводи
- 22 Надворешни врски
ЕтимологијаУреди
Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 год. навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешната кумановска општина и пошироко. Други претпоставки за името не постојат.
ИсторијаУреди
Османлиски периодУреди
Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и Јужна Морава. Првите изворни податоци за Куманово претставуваат турските пописни дефтери од 1519 година, во кои населбата се споменува како село во состав на Нагоричката нахија, која пак била дел од Ќустендилскиот санџак, со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век.
Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патописните забелешки на Евлија Челебија од 1660 година, според кои населбата имала околу 600 куќи покриени со ќерамиди. Тој понатаму вели дека чаршијата ја сочинувале голем број на занаетчиски и трговски дуќани и дека во него има убава џамија, а самата населба била опкружена со многу бавчи, лозја и голем број воденици.[1]
Карпошово востание 1689Уреди
Во 1689 год. при продирањето на Австријците на Балканот, водачот на востаниците од северниот дел на Македонија, Карпош се прогласува за „крал од Куманово“ што покажува дека Куманово како населба била на добар глас. Имено како сообраќаен крстопат имал значајна економска важност каде трговијата била значително развиена. Со тоа успева да ги надмине конкурентните центри (Табановце, Нагоричане, Стрезовце и Клечовце) во својата најблиска околина. Таквиот стопански раст бил прекинат со австрискиот поход на Балканскиот Полуостров. Како и повеќето градови во Македонија, Куманово било во опаѓање, но не исчезнува како населба. По бурните настани (Карпошовото востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој сè до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.
Куманово во XVIII и XIX векУреди
Сè до крајот на XVIII век тоа имало претежно аграрна физиономија со околу 300 куќи. Ами Буе во 1836 година забележал дека во Куманово живеат околу 3.000 жители, а било познато како богато сточно пазариште. Во развојот на градот значајно влијание имале изградбата на државното џаде Скопје-Куманово-Врање во седмата деценија од XIX век и посебно пуштањето во употреба на Моравско-вардарската железница во 1888 година. Тогаш Куманово постанало значајно миграциско средиште. Во него се доселувале Грци од Јанина и Власи од Крушево, а еден кварт е наречен Велешки, бидејќи повеќе од семејствата овде биле дојдени од Велес. Во градот интензивно започнал да се развива занаетчиството и трговијата, така што во почетокот на XX век населението се наголемило на 14.530 жители. Во периодот меѓу двете светски војни Куманово многу не напреднало, во 1931 година неговото население броело 16.984 жители.[2]
Во текот на XVIII век се споменува двапати (1706 г. и 1792 г.) во белешките на патници кои преноќиле во градот, но без некои посебни податоци.
Во следниот, XIX, век Куманово успева да се оддели од околните населби и интензивно да напредува. Ова е период кога Куманово се споменува како важно пазариште за добиток и жито. Во исто време значително напредувало и угостителството кое воглавно било во рацете на Грци од Јанина, а подоцна и башиноселци. Наспроти нив, во текот на втората половина на XIX век некои занаети воопшто не биле развиени или пак нивното производство било далеку под побарувачката на пазарот.
Според патеписецот Жан, во Куманово до средината на XIX век имало „20 христијански и уште толку турски куќи“. Градот постепено почнал да расте по 1865 година (тогаш имал 3 000 жители, односно 650 куќи од кои 350 биле македонски, 300 турски и 30 ромски колиби).
Причините за ваквиот раст на градот се во неговата улога на административен центар и сообраќаен крстопат за патиштата кои одамна постоеле и оние поновите кои се граделе во седумдесеттите години на XIX век. Со изградбата на железницата во негова непосредна близина и добивајќи сопствена железничка станица, не само што ја зацврстува својата доминантна положба во однос на околните населби, туку и стопански се наметнува над нив, оневозможувајќи го нивниот поинтензивен развој.
Веќе во 1876 година, Куманово наликува на голема градска населба, со оформена и развиена градска чаршија, која ја сочинувале над 250 занаетчиски и трговски дуќани , со 34 склада за сместување и продажба на жито и 33 ана. Десетина години подоцна, во градот веќе имало 330 дуќани, како и голем број магазини и анови. Меѓутоа, вистинската преродба Куманово ја доживува дури по 1888 година, по поврзувањето на железничката линија со Солун, Скопје и Белград. Во тој период градот доживува експанзија во стопанството, трговијата и занаетчиството. Се појавува и граѓанска класа, која воедно е и носител на напредокот. Градското пазариште било богато со селско-стопански производи, додека трговците тргувале во сите краеви на Македонија, со Бугарија и Србија, како и со некои други земји.[3]
Како нормален одраз на тоа, Куманово станува атрактивно имиграциско место за околното население и бележи поизразен популациски раст. Истовремено Куманово и стопански расне и денес претставува град со развиени дејности од секундарниот и терцијарниот сектор. Водечко место има индустријата (металопреработувачка, текстилна, чевларско-кожарска, прехранбена, тутунска) потоа земјоделието и трговијата. Со својата местоположба и сообраќајно значење, развој и обликуваните градски функции, Куманово има три контактни гравитациски зони на влијание - спрема Крива Паланка, Кратово и Свети Николе. Истовремено тоа значи и функционално наметната моќност кон овие три правци што е една од причините за силен популациски и функционален раст на Куманово на сметка на растот на трите гореспоменати градски населби.
Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата сè до крајот на Втората светска војна.
Куманово во XX векУреди
Во близина на Куманово на 23 октомври 1912 година е одржана и познатата Кумановска битка во која турските сили биле поразени од српската војска и биле натерани на повлекување од оваа територија. Во близината на ова место на локалитетот кој се нарекува Зебрњак е изграден споменик кој подоцна делумно ќе биде разрушен од страна на бугарската војска за време на Втората светска војна.
Куманово во Втората светска војнаУреди
На 11 октомври 1941 година во Куманово и Прилеп, започнала антифашистичката борба на македонското население. По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој.
Војна 2001Уреди
Куманово во 2015Уреди
На 09.05.2015 беше нападнато Диво Насеље во Куманово од страна на терористи на УЧК. Акцијата траеше повеќе од 1 ден во која беа убиени 8 полицајци од македонкса страна, 30 ранети полицајци и 10 терористи беа убиени во престрелката во Куманово.
Археолошки локалитетиУреди
На територијата на Куманово и Кумановско, постојат следните археолошки локалитети:
- „Прибовце" с. Бедиње - ископувања 1978 год.
- „Дрезга" с. Лопате - 1978, 1979 и 1980 год.
- „Костоперска Карпа" - 1983 и 1987 год.
- „На брег" - 1986 год.
- „Кодра Зулфи" с. Никуштак - 1991 год.
- „Градиште" с. Пелинце - 1989, 1990, 1994 год.
ГеографијаУреди
Градот Куманово се наоѓа во северниот дел на Република Македонија. Сместен е во источното подножје на Скопска Црна Гора, во источниот дел на Кумановското Поле на надморска височина од 330 метри. Поставен на главната сообраќајна артерија по Вардарско-моравската долина, Куманово има мошне добра сообраќајно-географска положба. Како сообраќаен јазол, освен трасираниот железнички сообраќај, низ него минуваат патишта кои на исток водат за Крива Паланка и Кратово, на југоисток за Свети Николе, на север за долината на Јужна Морава и на југозапад за Скопје.
ХидрографијаУреди
Хидрографската мрежа во Кумановско ја сочинуваат средните и долните текови на Пчиња, Кумановска и Крива Река и некои помали водотеци кои целосно му припаѓаат на сливот на реката Пчиња.
Пчиња е најголема и најважна река во Кумановско и е втора по должина лева притока на Вардар. Извира под врвот Бела Вода на планината Дукат (Србија), на надморска височина од 1.660 метри.
На неколку места во Кумановско се регистрирани појави на минерални води. Најпознати се изворите кај населбата Проевце, а има извори во реонот на Липково, како и во други делови на општината. При вршењето на истражни работи со дупчење, пронајдени се термоминерални води во околината на с. Старо Нагоричане. Најпознати и најискористени се изворите во населбата Проевце, или како што уште се нарекува Кумановска Бања. Поради разните состојки, водите од овие извори се означуваат како алкална-земјоалкална хипотерма, температура на водата изнесува од 28 до 31 степени, со што спаѓаат во групата на хипотермални води.
Тука вредни за споменување се и двете вештачки езера што се наоѓаат во близина Куманово, а тоа се Липковското Езеро и езерото Глажња.
Населби во КумановоУреди
- Перо Чичо
- Гоце Делчев
- Зелен Рид
- Бедиње
- Карпош
- Ајдучка Чешма
- Пуковско
- Бабин Дол
- Железничка Станица
- Вера Которка
- Тромеѓа
Месни заедници во Општина КумановоУреди
Градски месни заеднициУреди
- Центар
- Панче Пешев
- 11 Октомври
- 11 Ноември
- Христијан Тодоровски Карпош
- Благој Стефковски Гојчо
- Тоде Мендол
- Перо Чичо
- Трета Македонска Ударна Бригада
- Гоце Делчев
- Абдула Прешева
- Бајрам Шабани
- Средорек
- Зелен Рид
Приградски месни заеднициУреди
- Проевце
- Иго Тричковиќ
- Козјак (населба Карпош)
- Долно Којнаре
- Липковско Езеро
- Јане Сандански (Бабин Дол)
- Бедиње
- Черкези
- Ајдучка Чешма
- Добрашане
- Тромеѓа
Селски месни заеднициУреди
- Речица
- Горно Којнаре
- Режановце
- Лопате
- Пчиња
- Комуна
- Студена Бара
- Вак’в
- Карпош (село Винце)
- Љубодраг
- Ново Село
- Умин Дол
- Брзак
- Агино Село
- Романовце
- Биљановце
- Шупљи Камен
- Табановце
- Карабичане
- Перо Стојмановиќ (село Сушево)
- Сопот
- Четирце
- Братство Единство (село Д’лга)
KлимаУреди
Врз климатските одлики, односно различните вредности на метеоролошките елементи во Куманово, влијание имаат неколку фактори. Според географската ширина и близина на поголемите водени површини, се смета дека во Македонија се чувствуваат топли влијанија. Но, Куманово се наоѓа во северниот дел на Македонија, така што тие влијанија помалку се чувствуваат. До израз доаѓа релативната отвореност на релјефот, што овозможува навлегување на различни воздушни влијанија, особено по Моравско-вардарската долина со меридијански правец на протегање.
Според наведените одлики може да се заклучи дека вo Куманово се чувствуваат влијанија на топли и студени воздушни маси, кои условуваат во климатски поглед да се издвојат две годишни времиња, и тоа: студена и влажна зима и топло и суво лето. Од преодните годишни времиња поизразена е есента, понекогаш долга и топла што е одлика на умерено-континентална клима. На околните планини повеќе се изразени одликите на континенталната клима.
Температурата на воздухот е важен метеоролошки елемент. Нејзината средна годишна вредност изнесува 11,8оC (за Куманово), а на падините на околните планини е пониска, во зависност од надморската висина.
Просечното годишно количество на врнежи во Куманово изнесува 549,3 mm на квадратен метар, според кое спаѓа во второто подрачје во Македонија по сушност. Сушите, најчесто се карактеристични за летните месеци, а може да продолжат и во есен.
Кумановскиот регион се одликува и со изразита ветровитост, најчесто дува северен и помалку северозападен ветер.
Просечната честота на овој ветер изнесува 331%. Средната месечна брзина е различна, а годишниот просек изнесува 3,2 m во секунда.
Просечната годишна сончевина изнесува околу 2.200 часови, а во околниот планински терен таа е поголема. Годишно во Куманово просечниот број (ведри) денови изнесува 84, додека годишно има просечно 97 облачни денови.
НасeлениеУреди
Според статистиката на Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во Куманово живееле околу 14.530 жители, од кои 7 700 Македонци, 5 800 Турци, 600 Албанци, 50 Власи, 30 Евреи и 350 Роми.[4]
Во повоениот период, градот забележал постојан раст на населението, посебно во временски период од 1961 до 1981 година кога населението двојно се зголемува.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Куманово, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[заб 1]
Според бројот на жители во 2002 година, Куманово претставува трет град по големина во Македонија (зад Скопје и Битола), додека Општина Куманово претставува најголема општина во Македонија.
- Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 70.842 жители и спаѓал во групата на големи градови. Заедно со приградската населба Карпош (5.433 жит.), која се води посебно во официјалните пописи, градот Куманово брои 76.275 жители.[5] Етнички гледано, населението (без Карпош) е составено од:[6]
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци | 42.840 | 60,47 |
Албанци | 18.277 | 25,80 |
Турци | 256 | 0,36 |
Роми | 4.042 | 5,71 |
Власи | 108 | 0,15 |
Срби | 4.727 | 6,67 |
Бошњаци | 14 | 0,02 |
други | 578 | 0,82 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[6]:
јазик | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
македонски | 45.306 | 63,95 |
албански | 18.283 | 25,81 |
турски | 215 | 0,30 |
ромски | 4.007 | 5,66 |
влашки | 85 | 0,12 |
српски | 2.399 | 3,39 |
бошњачки | 23 | 0,03 |
други | 524 | 0,74 |
- Вероисповед
Во Куманово се застапени следните религиски групи[6]:
религија | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Православни | 46.766 | 66,02 |
Муслимани | 22.483 | 31,74 |
Католици | 98 | 0,14 |
Протестанти | 11 | 0,02 |
други | 1.484 | 2,10 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Куманово:
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1948 | 20.242 | — |
1953 | 23.339 | +15.3 % |
1961 | 30.762 | +31.8 % |
1971 | 46.363 | +50.7 % |
1981 | 60.842 | +31.2 % |
1991 | 52.204 | −14.2 % |
1994 | 65.233 | +25.0 % |
2002 | 70.842 | +8.6 % |
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948[7] | 12.981 | 2.370 | 1.498 | 1.648 | 25 | 1.222 | — | 498 | 20.242 |
1953 | 14.351 | 951 | 3.858 | 1.861 | 12 | 1.790 | — | 516 | 23.339 |
1961 | 20.323 | 1.893 | 2.512 | — | — | 2.808 | — | 3.226 | 30.762 |
1971 | 28.789 | 7.827 | 1.791 | 3.013 | — | 3.759 | — | 1.184 | 46.363 |
1981 | 36.812 | 12.997 | 936 | 4.415 | 44 | 4.252 | — | 1.386 | 60.842 |
1991 | 40.205 | 487 | 242 | 4.048 | 76 | 4.966 | — | 2.180 | 52.204 |
1994 | 40.634 | 15.612 | 241 | 2.987 | 85 | 5.097 | — | 577 | 65.233 |
2002 | 42.840 | 18.277 | 256 | 4.042 | 108 | 4.727 | 14 | 578 | 70.842 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
РелигијаУреди
Во градот доминираат православните христијани (66,02 %), а останатите се со исламска (31,74 %) и евангелистичко-методистичка вероисповед.
Кумановско-осоговска епархијаУреди
Кумановско-осоговската епархија го зафаќа североисточниот дел од Република Македонија и е дел од живиот организам на Македонската православна црква. Нејзин надлежен епархиски архијереј е митрополитот г. д-р Јосиф и тоа од септември 2013 година, па сè до денес. Архијерејско намесништво Куманово: 60 цркви, 8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови.
Цркви и манастириУреди
- Црква „Св. Никола“ - Куманово
- Црква „Св. Троица“ - Куманово
- Црква „Воскресение Христово“ - гробјанска црква, осветен камен темелник на 25 април 2014 година;
- Црква „Св. арx. Михаил и Гаврил“ - црква во населбата Карпош;
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - манастирска црква;
- Црква „Свето Благовештение - црква во населбата Банево Трло. Камен темелник удрен на 7 април 2015 година;[8]
- Црква „Св. Тереза од детето Исус“ - католичка црква;
- Евангелска црква - Куманово
Црква „Свети Ѓорѓи“ - Старо НагоричанеУреди
Дeнeшнaтa црква билa пoдигнaтa нa ocтaтoцитe нa пocтap храм кoj имaл бaзиликaлнa фopмa, oд XI вeк, т.e. вo вpeмe нa влaдeeњeтo нa визaнтиcкиoт импepaтop Poмaн IV Диoгeн (1067-1071). 3a oвoj пoдaтoк дoзнaвaмe oд житиeтo зa мoнaxoт Прохор Пчињски, вo чиja чecт импepaтopoт ja пoдигнaл пpвoбитнaтa цpквa, нa мecтoто кaдe Пpoxop гo зaпoчнaл cвojoт иcпocнички живoт. Ocтaтoци oд пpвoбитнaтa цpквa ce видливи вo вид нa гoлeми кaмeни блoкoви, вo виcинa oд oкoлy 4 мeтpи.
Oбнoвyвajќи ja цpквaтa, Mилyтин ja измeнил cтapaтa бaзиликaлнa фopмa, co штo xpaмoт дoбил фopмa нa впишaн кpcт co издoлжeн тpaвej нa иcтoчниoт и зaпaдниoт дeл и пeт кyпoли.[9] Sидaнa e oд yбaвo дeлкaни кaмeни блoкoви, a фacaдaтa e paзигpaнa co кepaмoплacтичнa дeкopaциja, кaкo peминиcцeнциja нa визaнтиcкaтa гpaдитeлcкa тpaдициja. Kepaмoплacтикaтa e пpиcyтнa и нa мoнoфopитe нa цeнтpaлнaтa кyпoлa кoи cлyжeлe кaкo oтвopи зa ocвeтлyвaњe нa цpквaтa. Ha cтpaничнитe sидoви вo гopнaтa пapтиja иcтo тaкa ce нaoѓaaт пoвeќe пpoзopци oд типoт нa бифopи и тpифopи.
Oлтapнaтa aпcидa oднaтpe e пoлyкpyжнa, a oд нaдвopeшнaтa cтpaнa e пeтoaгoлнa. Eнтepиepoт нa xpaмoт вo cвojaтa пpocтopнa диcпoзициja имa тpи кopaби кoи eдeн oд дpyг ce oддeлeни co cтoлбoви. Kaкo peдoк eлeмeнт coчyвaнa e oлтapнaтa пpeгpaдa, изpaбoтeнa oд кaмeни cтoлбoви, пapaпeтни плoчи и opнaмeнтиpaн apxитpaв.
Црквата според својата основа е крстообразна петкуполна. Централната купола однатре е дванаесетострана. Меѓу трансептот и аглите се наоѓаат крстести сводови. Западниот крак на крстот е прекршен и на истата страна е формирана ниска припрата. Олтарната апсида однадвор е петострана и е разиграна со декоративни ниши изработени од тули. На двете страни од апсидата се наоѓаат мали капели над кои се издигаат двете источни куполи. Фасадата на црквата е украсена со пиластри и слепи аркади.
Црква „Света Петка“ - Младо НагоричанеУреди
Цpквaтa „Cвeтa Пeткa" вo Mлaдo Haгopичaнe e изгpaдeнa и живoпиcaнa нajвepojaтнo вo 1628 гoдинa. Kтитopитe нa цpквaтa нe ce пoзнaти, a гoдинaтa нa нejзинaтa изгpaдбa ce извeдyвa cпopeд зaчyвaнитe ocтaтoци oд ктитopcкиoт зaпиc (дeнec yништeн). Oкoлy цpквaтa ce нaoѓaaт пocтapи и пoнoви ceлcки гpoбиштa, пopaди штo e нapeчeнa и гpoбjaнcкa цpквa. Oвa гo пoтвpдyвa и пaтpoнcтвoтo нa Cвeтa Пeткa, чиj кyлт ja пpeтcтaвyвa кaкo зaштитник нa yмpeнитe.
Цpквaтa „Cвeтa Пeткa" пpeтcтaвyвa eднoкopaбнa зacвoдeнa гpaдбa, гpaдeнa co кaмeнoт тeтpaxит. Cпopeд дoceгaшнитe пoдaтoци, тaa нajвepojaтнo нacтpaдaлa вo Пpвaтa cвeтcкa вojнa, тaкa штo дeнec e мoшнe oштeтeнa.
Цpквaтa „Cвeтa Пeткa" cпaѓa вo paмкитe нa cтилcкa и xpoнoлошка група сакрални објекти со изразито архаични карактеристики: тробродни базиликални форми или цркви со трикратно расчленет простор, обично без купола, како и со едноставни тетрахитни фасади. Апсидалните конхи се конструирани со изразита вертикална нагласеност, што не е случај и во другите делови на Македонија.
ЕкономијаУреди
Куманово има развиена индустрија и претставува центар на индустриското производство во североисточна Македонија. Чевларската индустрија во овој град има огромна традиција и опстанува со децении. Денес во градот функционираат повеќе од 60 компании за производство на чевли, што го прави овој град центар за чевларската индустрија во Македонија и пошироко. Производството е наменето за Македонија, бившите југословенски држави, како и Бугарија, Грција, Албанија и Италија. Помал дел се извезува и во Чешка, Словачка и Германија.
Исто така од пред неколку години во функција се наоѓа компанијата ФЗЦ 11 Октомври А.Д. Куманово - Фабрика за заварени цевки и профили која вработува повеќе од 250 работници и има големо учество во економијата на градот.
Од прехранбената индустрија најмногу се застапени мелничката и пекарската, додека од индустрија за производство на пијалаци функционира Кватро.
ОбразованиеУреди
ФакултетиУреди
- Државен универзитет во Тетово - Дисперзирани студии во Куманово: бизнис администрација, јавна администрација, информатика, англиски јазик и литература
- EuroCollege - American Heritage University - Високообразовна установа со студии по менаџмент, маркетинг, економија и бизнис
Средни училиштаУреди
Основни училиштаУреди
- 11 Октомври
- Бајрам Шабани
- Браќа Миладиновци
- Вук Караџиќ
- Крсте Петков Мисирков
- Кочо Рацин
- Магдалена Антова
- Наим Фрашери
- Христијан Тодоровски Карпош
- Толи Зордумис
Подрачни основни училиштаУреди
KултурaУреди
Во Куманово постои голем број професионални културни институции: библиотеки, Народен музеј, Народен театар и Центар за култура. Од културните манифестации ги издвојуваме: Ликовната колонија, Џез-фестивалот „Денови на комедијата". На планот на соработката со Солун и другите балкански градови можно е:
- соработка на стручни лица кустоси-куратори, историчари на уметноста
- размена на џез-групи (гостување и учество на фестивали)
- театарска соработка со драмски претстави (трагедии, комедии, антички драми)
АрхитектураУреди
ТранспортУреди
За сообраќајна поврзаност со соседите и други области, денес поголемо значење има Моравско-вардарската долина по која минува железничка линија и асфалтиран автомобилски пат, кој е изграден како современ автопат. Преку овој пат Куманово на југ има добра сообраќајна поврзаност со Скопје и долината на Вардар, а на север со Јужноморавскиот регион. Во напореден правец се користат два патни правци. Едниот од нив оди, главно, по долината на Крива Река, кон Крива Паланка и соседната Бугарија. На овој патен правец во поголем дел е изграден современ магистрален автомобилски пат, а со довршување на изградбата на железничката линија до границата со Бугарија ќе се овозможи полесно и побрзо поврзување со неа. Од овој патен правец кај с. Страцин се одделува еден крак кој овозможува сообраќајна поврзаност со Кратово. Вториот патен правец оди на југоисток и преку Овче Поле се одржуваат врски со Источна Македонија. По долината на реката Пчиња Куманово се поврзува со Трговишката област и сообраќајниците по долината на Јужна Морава.
Спорт и рекреацијаУреди
На полето на спортот во Куманово делуваат многубројни клубови:
- Околу четириесет фудбалски клубови: ФК Куманово, ФК Башкими, ФК Милано, ФК Гоблен и др.
- Кошаркарски клубови: КК Куманово, КК Пинк Пантери
- Ракометни клубови: РК Куманово, ЖРК Куманово
- Боксерски клубови: БК Куманово
- Шахот во Куманово датира уште од 1930 (женски и машки)
- Атлетиката зазема учество на сите натпревари во Републиката, најистакнат е атлетскиот клуб „Скок“.
- Велосипедски клубови Вело М,Кросс Сајклинг Куманово
- Стрелечки клубови (пр: клубот „Куманово" основан во 1961 г.)
- Во градот Куманово постои голема активност во карате клубовите, аеро-клубовите, мал фудбал и други спортски активности каде што спаѓаат пливачките клубови „Аква Куманово“ и „Тумба“, кои се активни во ново отворениот затворен базен.
Соработката на спортските клубови и спортистите од Куманово со другите градови пружа големи и разновидни можности.
ЗнаменитостиУреди
ЗебрњакУреди
На брдото Зебрњак, каде се одигра еден од најжестоките судири во Првата балканска војна, подигната е спомен-костурница во која се сместени коските на загинатите српски војници. Костурницата според проектот на архитектот Момир П. Горуновиќ, е откриена во 1937 година. Денес постои само долниот дел широка тркалезна костурница, додека горниот пирамидален дел е урнат во 1942 година од бугарските фашисти.
Музеј на Христијан Тодоровски-КарпошУреди
Спомен куќа на командантот на кумановскиот баталјон „Јордан Николов-Орце", Христијан Тодоровски-Карпош, убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 година за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во с. Билјача-Прешевско.
Спомен костурницаУреди
Спомен костурница изградена во 1957 година по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Дело е на архитектот Зордумис и вајарот Сретен Стојановиќ. Се состои од обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во Народноослободителната војна од Куманово и Кумановско.
Ноќен животУреди
Од дамнешно време до ден-денес во Куманово постои ноќниот живот. Отсекогаш претставувал град на убави доживувања, разни журки, концерти, фестивали, манифестации итн. Моментално постојат повеќе локали, односно места за излегување во центарот на градот меѓу кои најпознати се Kafe Bar Agora-(лок. Гарнизон I кат.), Grand State, клубот Linka, кабаре Tunel, кафе-бар Club, Irish Pub како и многу други. Една од поубавите атракции во градот е изградбата на трите локали (Нама кафе) на плоштадот во центарот на градот. Во склоп на оваа градба спаѓаат ресторан, коктел-бар и кафуле каде што може да се најде дневната, а посебно ноќната шема. 2011 година за пресврт и Куманово веќе има најново да изненади - V2 Club-от на локација на ул.Ленинова б.б - "A place to be".
ЛичностиУреди
- Благоја Стевковски - Гојчо (15 август 1915 - Скопје, 3 декември 1965) — македонски комунист, учесник во НОВ и повоен воен раководител
- Борис Чушкаров (28 јануари 1916 - Скопје, 19 септември 1982) - македонски комунист, основач и прв раководител на ОЗНА во СРМ и учесник на Првото заседание на АСНОМ
- Веселинка Малинска (4 јануари 1917 - Скопје, 12 ноември 1987) - македонска комунистка, учесничка во НОВ и вршител на политички функции по ослободувањето
- Боро Менков (6 мај 1919 - кај с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941) - македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој на Југославија
- Боро Петрушевски - Папучар (1920 - 21 април 1943, Горанце, Косово) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија
- Вера Теодосиева Трајковска - Которка (2 април 1925 - Лопен, Осоговски планини, 1944) - македонска партизанка, учесничка во НОБ
- Добрила Пуцкова (6 јуни 1926 - 23 февруари 2007, Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица
- Драгутин Аврамовски - Гуте (11 март 1931 - Скопје, 12 септември 1986) - истакнат македонски академски сликар и графичар.
- Александар Митевски (4 март 1934) - македонски поет и преведувач
- Данило Коцевски (1947) - македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет.
- Ангел Миладинов (* 1936), ликовен уметник
- Зоран Јакимовски (* 1953), графичар и сликар
- Столе Златановски (* 1960), познат фудбалер
- Вујадин Станојковиќ (* 1963), репрезентативец на СФРЈ, Р. Македонија, клубови Вардар, Партизан Шведска
- Венко Андоновски (* 1964), писател
- Јонуз Јонузи (* 1965 - † 2010), Балкански шампион во атлетика
- Југослав Петровски (* 1969), поет и драматург
- Бобан Трајковски (* 1973 – † 2001), македонски бранител, припадник на БСН Волци, еден од загинатите во масакрот кај Вејце во 2001 година
- Дејан Јакимовски (* 1975 – † 2001), македонски бранител, водник во АРМ
- Оливер Петрушевски (* 1978 – † 2001), македонски бранител
- Џељаљ Бајрами (17 ноември 1973) — македонски политичар.
Братски градовиУреди
Градот Куманово е збратимен со градовите:[10]
ПоврзаноУреди
ИзвориУреди
- „Градовите во Република Македонија. Б. А. Тошевска, Географски лексикон, 2000
НаводиУреди
- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.50
- ↑ Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје
- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.51
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 215.
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (II доп. издание). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/567_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0,%202016.pdf.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „Попис на Македонија“ (PDF) (македонски). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 мај 2012.
- ↑ http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
- ↑ Локација за нов православен храм во Куманово
- ↑ Осветување на камен темелник за нов храм на Воскресението Христово во Куманово
- ↑ „Листа на збратимени градови со Општина Куманово“ (PDF). Општина Куманово.
- Белешки
- ↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.