Калапетровци
Калапетровци — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Калапетровци | |
Координати 41°42′19″N 22°18′37″E / 41.70528°N 22.31028°E | |
Општина | Штип |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30021 |
Надм. вис. | 520 м |
![]() |
Географија и местоположба
уредиОва мало село се наоѓа во источниот дел на територијата на Општината Штип, во изворишното сливно подрачје на реката Отиња, чиј атар се допира со просторот на Општината Радовиш. Селото е планинско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Штип населбата е оддалечена 14 км.
Атарот зафаќа површина од 14,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 605 ха, на пасиштата отпаѓаат 409 ха, а на обработливото земјиште 362 ха.[2]
Историја
уредиВо XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја.
За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) селото страда силно.[3] Во 1914 г. и во 1915 г. од страна на српските четници на Јован Бабунски и на жандармите биле тепани и мачени голем број селани. Меѓу сите најмногу биле тепани: Ласко Домазетов, Божана Пецева, Ѓуро Алексов, Сава Миланова и Јордана Стоилкова. Последиците од раните ги носеле до крајот на својот живот.[3]
Стопанство
уредиСелото има мешовита земјоделска функција.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Калапетровци имало 90 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Калапетровци имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Калапетровци е мало село, коешто во 1961 година броело 145 жители, а во 1994 година бројот се намалил за 4 жители.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, населението на Калапетровци броело само 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 112 | 264 | 287 | 145 | 75 | 45 | 23 | 4 | 7 | 1 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2313 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Шашаварлија.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 143.
- ↑ 3,0 3,1 Галев, М-р Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија 1912–1941 година; Книга прва. Штип: Друштво на наука и уметност. стр. 679.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 230.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рр. 134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 143. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |