Гризилевци
Гризилевци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Гризилевци | |
Поглед на Гризилевци | |
Координати 42°02′16″N 22°08′48″E / 42.03778° СГШ; 22.14667° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21006 |
Надм. вис. | 800 м |
Гризилевци на општинската карта Атарот на Гризилевци во рамките на општината | |
Гризилевци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Кратово, на оддалеченост од околу еден километар, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 8 километри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Историја
уредиПодрачјето на Гајранци е населено уште од доцната антика, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]
Стопанство
уредиАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 3,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 155,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 88,6 хектари, а на шумите 82,8 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гризилевци живееле 90 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гризилевци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Гризилевци е мало село доведено во состојба на раселување. Во 1961 година селото броело 228 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 33 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Гризилевци живееле 22 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 120 | 222 | 236 | 228 | 172 | 103 | 45 | 33 | 22 | 7 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиГризилевци е македонско село.[12]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Доселеници: Никовци (4 к.) и Митевци (2 к.), се сметаат за најстари доселеници, но не се знае од каде се доселени; Бачковци (9 к.), доселени се во втората половина на XVIII век од селото Безиково кај Кочани; Мартиновци (5 к.) и Дедо-Јованчеви (2 к.), доселени се од селото Кундино; Кацарци (6 к.), по потекло се од Горно Кратово. Од таму се населиле во Кундино, па потоа во Гризилевци; Чолаковци (2 к.), и тие се од Горно Кратово; Дедо Петреи-Шалповци (3 к.), доселени се од селото Шлегово кај Кратово; Бардаковци (2 к.), доселени се од селото Туралево кај Кратово.
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Гризилевци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Гризилевци, се наоѓале и селата Горни Стубол, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1556 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[3]
- Долно Градиште — утврдување од доцноантичко време и средниот век;
- Згури — населба, рудник и топилница од доцноантичко време;
- Златица (Гризилевци) — рудник од римско време; и
- Преслап — населба од доцноантичко време.
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква.
- Споменици
- Споменик на НОБ пред влезот во селото
Галерија
уреди-
Објект во селото
-
Споменик на НОБ пред влезот во селото
-
Стара куќа во селото
-
Спомен-плоча на споменикот
-
Селската чешма
-
Селската црква „Св. Илија“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 87.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 320. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 ноември 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-07. Посетено на 7 ноември 2022.
Надворешни врски
уреди- Гризилевци на Ризницата ?