Отвори го главното мени

Дворци

село во Општина Пласница, Кичевско

Географиja и местоположбаУреди

Селото Дворци се наоѓа во рамките на Општина Пласница. Движејки се по регионалниот патен правец Кичево-Македонски Брод селото се наоѓа на раздалеченост од 1 километар од овој патен правец. Оддалечено е 17 километри југоисточно од Кичево и 14 километри југозападно од Македонски Брод. Дворци се наоѓа под падините на планината Баба Сач, опкружено со прекрасните планински масиви и природни убавини кои ги нуди овој прекрасен предел.

ИсториjaУреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 30 семејства и 2 неженети, сите христијани.[1]

Селото на крајот на XIX век било дел од Кичевската каза на Отоманската Империја.

Во 1873 година било забележано дека селото имало 14 домаќинства со 68 Македонци-христијани.[2]

Според податоците на бугарскиот етногтраф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 175 Македонци-христијани.[3]

Според Димитар Мишев во 1905 година во селото имало 136 Македонци, егзархисти.[4]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Дворци:[5]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
21 32 10 0 10 55 84 139

ДемографијаУреди

Според пописот од 2002 година, во селото Дворци живеат 25 жители, сите Македонци.[6]

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 175[3] 136[4] 112 122 138 91 66 32 27 25

РодовиУреди

Дворци е македонско село.

Родови во селото се: Момировци (4 к.) и Сиљановци (3 к.) најстари родови во селото, потекнуваат од ист предок. Доселени се од селото Прострање пред 150 (денес 218) години, односно на почетокот на 19ти век. Ја знаат следната генеологија Софе (жив на 60 год. во 1961 година) Ванчо-Илија-Ристе-Момир, предокот кој се доселил; Крлевци (4 к.) доселени се во турско време од селото Пласница; Шоповци (2 к.) доселени се од селото Ижиште; Ѓенковци (1 к.) доселени се од селото Пласница пред крајот на турското владеење; Пашовци (1 к.), Блажевци (1 к.) и Пласничани (3 к.) доселени се исто така од Пласница во разни периоди; Ивановци (2 к.), Трпчевци (2 к.), Петревци (1 к.), Петковци (1 к.) и Секуловци (1 к.) доселени се однекаде.[8]

Културни и природни знаменитостиУреди

Во село Дворци се наоѓа црквата Св.Недела, пред самиот влез на селото, која е изградена во 1893 година. Во текот на минатите години истата е реновирана од страна на жителите на селото и сѐ уште се користи за нивните потреби. Селото е најпосетено за православниот празник Водици, каде централната манифестација се одржува во селскиот дом кој исто така е изграден со силна волја од страна на жителите на селото. За време на големите верски празници како и во летниот период селото е најпосетено, најчесто заради рекреација и посетување на старите огништа. Селото Дворци е поврзано со патна мрежа до регионалниот патен правец Кичево-Македонски Брод. Се наоѓа под падините на планината Баба и планинскиот предел Стрмол кој нуди прекрасни терени за лов и рекреација. Во сама близина т.е под самото село се наоѓа течението на реката Треска во која се влива изворот Питран. Самото село брои околу триесетина куќи. Низ селото можат да се забележат стари градби т.е куќи кои со тек на времето полека го губат својот изглед во вид на рушевини, но тоа е факт дека селото постоело многу долги години наназад.

Редовни настаниУреди

Празник Водици на 19 и 20 јануари секоја година.

Култура и спортУреди

Најчести спортски активности ко и ги нуди селото дворци се ловот - благодарените на прекрасните планински предели над самото село - како и риболовот, кој го овозможува течението на реката Треска.

НаводиУреди

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.224
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 257
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 154-155.
  5. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2018-12-24. 

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди