Крњево

село во Општина Кавадарци

Крњево — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Крњево

Улица низ селото Крњево

Крњево во рамките на Македонија
Крњево
Местоположба на Крњево во Македонија
Крњево на карта

Карта

Координати 41°18′27″N 22°07′36″E / 41.30750° СГШ; 22.12667° ИГД / 41.30750; 22.12667
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Бошава
Население 12 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11024
Надм. вис. 450 м
Слава Архангел Михаил
Крњево на општинската карта

Атарот на Крњево во рамките на општината
Крњево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во западниот дел од Општина Кавадарци, во средното сливно подрачје на реката Бошава, од нејзината лева страна, а чиј атар се допира со просторот на Општина Демир Капија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 26 километри.[2]

Има голем атар, кој зафаќа површина од 40 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 2.660 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 108 хектари.[2]

Селото се наоѓа на ниска тераса на левата и присојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има издолжен облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Историја

уреди

Во XIX век, Крњево било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Селото има полјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948264—    
1953319+20.8%
1961280−12.2%
1971226−19.3%
1981124−45.1%
ГодинаНас.±%
199165−47.6%
199450−23.1%
200233−34.0%
202112−63.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крњево имало 131 жител, сите Македонци христијани.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Крњево е мало село, коешто во 1961 година имало 280 жители, а во 1994 година 50 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Крњево имало 33 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 9 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 131 264 319 280 226 124 65 50 33 12
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Како родови во Крњево се споменуваат:[3]

  • Старинци: Мијајлевци (5 к.)
  • Доселеници: Таневци (4 к.) доселени се околу 1855 година од манастирот Бошава (Долна Бошава); Дрчевци-Габеровци (5 к.) доселени се околу 1860 година од селото Драчевица; Кумановци-Лефковци (2 к.) доселени се околу 1865 година од селото Конопиште; Стрмашевци-Јовановци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Стрмашево; Петревци (2 к.) доселени се околу 1875 година од селото Бохула; Јаниќијовци (2 к.) доселени се околу 1886 година од селото Страгово; Бачовци (3 к.) доселени се од селото Чемерско; Скандевци (1 к.) доселени се околу 1890 година од селото Конопиште; Луковци-Ицовци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од селото Барово; Атанасовци-Галабовци (2 к.) доселени се од околу 1900 година од селото Горни Дисан; Настовци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Конопиште; Чипиндијовци (1 к.) доселени се околу 1900 година од селото Стрмашево; Камчевци (2 к.) доселени се во 1913 година од селото Стрмашево; Гечковци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Горна Бошава, а таму од селото Долна Бошава; Николовци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Конопиште; Николиќи (1 к.) дошол Перо, и купил земја и се населил овде. Се оженил со девојка од Барово (од родот Меловци). Основачот на родот (Перо) е доселен од селото Ораховица кај Лесковац; Катранџијовци (2 к.) потекнуваат од двајца братучеди доселени од селото Страгово. Подалечно потекло од селото Чемерско; Турски Циган- Алија Паљачковски (1 к.) доселен 1921 година од селото Стрмашево.

Самоуправа и политика

уреди
 
Објект во селото

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Крњево, во која покрај селото Крњево се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0707 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[14]

Личности

уреди

Личности починати во Крњево:

Културни и природни знаменитости

уреди

Во селото не постои црква.[15]

Археолошки наоѓалишта[16]
Реки[17]

Редовни настани

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 165. Посетено на 14 јануари 2018.
  3. 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 310-312. |access-date= бара |url= (help)
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 156.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јануари 2018.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 14 јануари 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 14 јануари 2018.[мртва врска]
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  15. „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 14 јануари 2018.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 153, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

уреди