Крива Круша
Крива Круша — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Селото порано се сметало географски центар на Македонија.[2] но според новите истражувања за центар на Р Македонија бил утврден Длабок Дол кај селото Долно Врановци во истата општина.[3]
Крива Круша | |
Координати 41°36′0″N 21°37′26″E / 41.60000° СГШ; 21.62389° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29033 |
Надм. вис. | 559 м |
Крива Круша на општинската карта Атарот на Крива Круша во рамките на општината | |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиСелото се оформило во средината на XVIII век.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото е пред целосно изумирање, во 2002 година забележани се само 2 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155 | 152 | 287 | 261 | 210 | 81 | 17 | 2 | 0 | 2 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиКрива Круша е македонско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
- Староседелци: Ничовци (2 к.), Нефтановци (1 к.), Бегиновци (2 к.) и Трајановци (2 к.) предците на наведените родови живееле во месноста Селиште, таму најпрво се наоѓало селото, тоа било во планинскиот дел од атарот на селото.
- Доселеници: Шоповци (13 к.) и Дамјановци (2 к.) потекнуваат од заеднички предок доселен однекаде на почетокот од XIX век. Според името веројатно потекнуваат од Шоплукот (Кратовско, кривопаланечко). Го знаат следното родословие: Ивко (жив на 80 г. во 1966 година) Ѓошо-Пано-Здраве-Ангелко, основачот на родот кој се доселил. Шоповци се поделени и на други две гранки, Здравевци и Алтановци. Во околните села Извор и Еловец имаат свои иселеници.[9]
Општествени установи
уреди- Црква „Св. Богородица“ од XIX век, а зографисана во 1862 г.[2]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2233 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на Бобан Здравевски на селото Ново Село.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Кале - Градиште — градиште од римско време
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Петре Миланов Димовски (1 февруари 1920 — 10 септември 1944) — македонски партизан, учесник во НОБ. Загинал во битката кај Раштански Колиби.
- Ивче Јованов (21 октомври 1918 — 10 септември 1944) — македонски партизан, учесник во НОБ. Загинал во битката кај Раштански Колиби.
- Јован Ѓошев (1916 — 10 септември 1944) — македонски партизан, учесник во НОБ. Загинал во битката кај Раштански Колиби.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиВо 1900 година во селото имало само 15 домаќинства. Но со природен прираст селото нараснало на 40 домаќинства. После Втората светска војна населението почнало помасовно да се иселува, пред се во градот Велес. Иселеници имало и во некои околни велешки села (Еловец, Извор, Војница, Сојаклари).[9]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Пречков, Петар (7 октомври 2010). „Опусте центарот на Македонија“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2021-05-25. Посетено на 2010-10-07.
- ↑ Крива Круша веќе не е срцето на Македонија Архивирано на 17 ноември 2018 г. - Дневник, 3 август 2011
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |