Тодоровци

село во Општина Македонска Каменица

Тодоровци — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.

Тодоровци

Поглед во Тодоровци

Тодоровци во рамките на Македонија
Тодоровци
Местоположба на Тодоровци во Македонија
Тодоровци на карта

Карта

Координати 42°00′00″N 22°37′14″E / 42.00000° СГШ; 22.62056° ИГД / 42.00000; 22.62056
Регион  Источен
Општина  Македонска Каменица
Област Осоговија
Население 181 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2304
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09025
Надм. вис. 480-760 м
Тодоровци на општинската карта

Атарот на Тодоровци во рамките на општината
Тодоровци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Тодоровци се наоѓа во областа Осоговија, во јужниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и неговите маала се издигаат на надморска височина од 480-760 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2.[2] Од Македонска Каменица е оддалечено 7 км, а од Делчево 17 км.

Маалата во селото се познати како Тодоровци и Паламарска Маала.

Историја

уреди

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите се простираат на површина од 558 ха, пасиштата се на површина од 327 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 119 ха.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948222—    
1953269+21.2%
1961327+21.6%
1971239−26.9%
1981228−4.6%
ГодинаНас.±%
1991217−4.8%
1994240+10.6%
2002235−2.1%
2021181−23.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тодоровци живееле 120 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тодоровци имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Тодоровци живеат 235 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 175 Македонци и 6 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 64 222 269 327 239 228 217 240 235 181
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се следниве:

Македонски
  • Староседелци: Ајдаре (4 к.), Пешовци (4 к.), Ѓаците (2 к.), Божичевци (1 к.), Стоиловци (5 к.), Јаневци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Гоцевци (2 к.), Костадиновци (1 к.) и Ристовци (2 к.).
  • Доселеници: Митеве (4 к.) кои се доселени во 1904 година од селото Грљани кај Виница; Сасане (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Тработивиште; Алексовци (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Голак, југозападно од Делчево; Ивановци (3 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Калиманци кај Виница; Ѓоргијовци (2 к.) кои се доселени во 1864 година од селото Костин Дол; Ајдарето (3 к.) кои се доселени во 1913 година од селото Саса; Ристовци (2 к.) кои се доселени во 1890 година од селото Драгобраште кај Виница; Грланци (4 к.) кои се доселени во 1878 година од селото Грљани; Паламарци (5 к.) кои се доселени во 1895 година од селото Илиово.[13]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каненица.

Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 605 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 188 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[16]
Езера

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 297.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
  14. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
  15. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди