Оризари (Кумановско)

село во Општина Липково

Оризари — село во Општина Липково, Кумановско.

Оризари
Оризари во рамките на Македонија
Оризари
Местоположба на Оризари во Македонија
Оризари на карта

Карта

Координати 42°09′40″N 21°37′06″E / 42.16111° СГШ; 21.61833° ИГД / 42.16111; 21.61833
Регион  Североисточен
Општина  Липково
Област Жеглигово
Население 1.692 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1307
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17073
Надм. вис. 400 м
Оризари на општинската карта

Атарот на Оризари во рамките на општината
Оризари на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во средишниот дел на општината. Теренот е рамничарски, со надморска височина од 400 м. Атарот зафаќа површина од 4,9 км2.[2] Низ Оризари минува патот Липково-Куманово (Р2133). Најблиските населени места се Слупчане на североисток, Липково на југозапад и Опае на исток.

Целото село и патот ги пресекува потокот Голем Дол, кој тече кон југоисток и завршува како притока на Липковска Река во месноста Оризиште.

Историја

уреди

Подрачјето на Оризари е населено уште од римско време, за што сведочи некрополата Беловина околу селото.[3]

Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Оризар како македонско село.[4] По извесно време овде се доселиле голем број Албанци, а македонското население драстично опаднало. На крајот од XIX век Оризари станало мешано македонско-албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Оризари имало 24 Македонци христијани и 180 Арнаути муслимани.[5][6]

На почетокот на XX век по податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Оризари имало и 60 христијани — Роми.[7]

Стопанство

уреди

Во селото работат поголем број продавници, угостителски објекти и сл. Стопанството има полјоделски карактер. Според податок од 1998 г. Оризари имало 245 ха обработливо земјиште и 224 ха пасишта[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948817—    
1953915+12.0%
1961966+5.6%
19711.282+32.7%
19811.522+18.7%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.847—    
20022.094+13.4%
20211.692−19.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци и 50 Роми.[8]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.094 жители, од кои 3 Македонци, 2.064 Албанци и 27 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.692 жители, од кои 1.666 Албанци и 26 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 204 817 915 966 1.282 1.522 0 1.847 2.094 1.692
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Општествени установи

уреди

Децата од Оризари го посетуваат недалечното основно училиште „Фаик Коница“ кое е на подеднакво растојание од Оризари и Слупчане, а најблиско средно училиште е „Исмет Јашари“ во Липково.

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта

Личности

уреди
  • Исмет Јашари, наречен „Командант Куманова“ (1967-1998) — командант на УЧК, загинат во борбите со српската војска на Косово. По него се именувани разни нешта во липковскиот крај.
  • Хајдар Јашари (1909–1991) — духовно лице

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 222. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 219. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.128-129.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди