Гази Баба (населба)
населба во Општина Гази Баба, Скопје
(Пренасочено од Гази Баба)
Гази Баба — населба во состав на Општина Гази Баба и Општина Чаир во Скопје. Населбата се наоѓа источно од центарот на градот и претставува седиште на истоимената општина. Општината има 15 населени места и брои 72.222 жители, од кои 53.106 се Македонци.[1]
ИмеУреди
Името на Општина Гази Баба доаѓа од тогаш познатиот османлиски поет Ашик Челеби наречен „Гази Баба“ кој живеел во периодот на XVI век и, меѓу останатите места, служел како кадија во Скопје. Неговото турбе кое се наоѓало во оваа општина е оштетено од Скопскиот земјотрес од 1963 г. и останало во урнатини.
НаселениеУреди
Според пописот од 2002 година, населбата има 15.182 жители, од кои:[1]
националност | број |
---|---|
Македонци | 13.254 |
Албанци | 523 |
Турци | 131 |
Роми | 246 |
Власи | 67 |
Срби | 657 |
Бошњаци | 83 |
останати | 222 |
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 28 мај 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.