Ратево
Ратево — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Ратево | |
![]() Поглед на Ратево | |
Координати 41°40′59″N 22°51′00″E / 41.68306° СГШ; 22.85000° ИГДКоординати: 41°40′59″N 22°51′00″E / 41.68306° СГШ; 22.85000° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Малешевија |
Население | 630 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2330 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01010 |
Надм. вис. | 860 м |
Слава | Павловден |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од Беровското Езеро (нарекувано и Ратевско Езеро).[2] Селото е ридско, на надморска височина од 860 метри. Од градот Берово е оддалечено 7 километри.[2]
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.843 хектари, на шумите отпаѓаат 1.205 хектари, а на пасиштата 836 хектари.[2]
Историја уреди
Во XIX век, Ратево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство уреди
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ратево имало 630 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратево имало 640 жители.[4]
Селото е големо, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото имало 1.229 жители, од кои 1.176 биле Македонци, a 53 жители биле Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 910 жители, од кои 905 Македонци и 5 Роми.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 844 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 630 жители, од кои 612 Македонци и 18 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 630 | 630 | 1.259 | 1.267 | 1.229 | 1.145 | 1.060 | 934 | 910 | 844 | 630 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Општествени установи уреди
- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до V одделение[11], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Амбуланта
- Културен дом
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Ратево, во која единствено село било Ратево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Ратево се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Смојмирово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 0013 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 664 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости уреди
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Градиште I — градиште и некропола од доцноантичкото време;
- Градиште II — градиште од доцноантичкото време и старохристијанска црква;
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Жизница — населба од доцноантичкото време;
- Манастир — старохристијанска базилика; и
- Слатина — могила од доцноантичкото време.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Петар и Павле“ — главна селска црква
- Бисти
- Биста на Ефтим Папалиски
- Биста на Ефтим Крстовски
- Реки[16]
- Ратевска Река — река која поминува низ самото село
Редовни настани уреди
- Ратевски бамбурци (20 јануари) — жителите се маскираат со маски направени од животински кожи; карневалот има вековна традиција која се одржала до денес, со идеја маските и звукот од прапорците да ги избркаат лошите духови.[17]
- Павловден (13 јули) — главна селска слава
- Илинден (2 август) — црковно-народен собир
- Голема Богородица (28 август) — црковно-народен собир
Галерија уреди
-
Марка на Македонска Пошта со традиционална куќа од Ратево
-
Поглед на Ратевска Река под селото
-
Пилана на влезот во селото
-
Селските гробишта сместени на влезот во селото
-
Поглед на селото
-
Сретселото во Ратево
-
Биста на Ефтим Папалиски
-
Биста на Ефтим Крстовски
-
Културниот дом во селото
-
Поглед на Аврамови Колиби, дел од селото, сместено покрај патот Берово-Струмица
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 256. Посетено на 6 април 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 април 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Дедо Иљо Малешевски"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 6 април 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 60. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 27. Посетено на 6 април 2017.[мртва врска]