Злести
Злести — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Злести | |
Поглед на селото Злести | |
Координати 41°16′57″N 20°49′49″E / 41.28250° СГШ; 20.83028° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 168 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19018 |
Надм. вис. | 780 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Злести на општинската карта Атарот на Злести во рамките на општината | |
Злести на Ризницата |
Потекло на името
уредиПомеѓу населението на селото постои предание дека селото порано се викало Лески, и дека се наоѓало во правец на селото Лешани, тоа место и денес се вика Лески. Од Лески името се преиначило во Злести.[2]
Географија и местоположба
уредиЗлести се граничи со следните села: на север со Белчишта, општинско средиште на Општина Дебрца, на запад со селото Ботун, на југозапад со Мешеишта, на југоисток со Куратица, на исток со Лешани, Долно Средоречие и Грко Поле на североисток, а на југ со Сирула.
Од градот Охрид оддалечено е 22 километри. Од регионалниот пат Охрид-Кичево оддалечено е 3 километри.
Од јужната и западната страна е опкружено со планини кои се богати претежно со дабова и иглолисна шума во помали количини, а во помал обем и букова шума.
Историја
уредиЗа постанокот на денешното село се искажува следното предание. Во многу стари времиња во близина на селото Злести постоеле други две помали населби, едната населба се викала Лески, а другата Раштани. Некој човек со своите пет сина после пустошот на старото село Раштани морал да се исели од таму, и дошол во селото Злести. Нив ги викале Маленковци, Пашовци, Беговци, Кадијовци и Ќосевци, подоцна се разграниле на повеќе родови.[3]
Во XIX век, Злести се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиОд северната и источната страна на селото се простира голема низина која е погодна за одгледување на житарици. Од другите земјоделски култури во помали количини се одгледува пченка, грав, компир, пиперки и други градинарски култури.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Злести имало 530 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Злести имало 520 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Злести е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 294 жители, од кои 291 Македонец и 3 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 168 жители, од кои 159 Македонци, 1 останат и 8 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 530 | 520 | 701 | 721 | 680 | 552 | 504 | 369 | 333 | 294 | 168 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиЗлести е македонско село
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Дебрца“ до V одделение[15], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Злести, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Злести се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1319 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[18]
- Градиште — населба од бронзено време;
- Св. Богородица Пречиста (Злести) — старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола;
- Св. Никола — средновековна црква со некропола;
- Страишта — утврдена населба од железно време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска и гробјанска црква
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — новоизградена црква кај археолошкото наоѓалиште
- Манастири
- Злестински манастир — новоизграден манастир во близина на селото
- Параклиси
- Св. Никола — сместен под главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Редовни настани
уреди- Ѓурѓовден (6 мај) — селска слава
Личности
уреди- Климе Вељаноски - Злеатовчето — македонски комита
- Благоја Дескоски — музичар-виолинист
- Стојан Лакоец — македонски револуционер
- Кирил Стојанов — македонски партизан
- Крсте Ѓоргијов Колоски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Деско Ѓоршев Десковски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Сотир Јанев Димоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Голоб Маркоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Ламбе Георгиев Петкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Ванче Наумов Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Андон Силјаноски — македонски партизан
- Васил Попоски — македонски партизан
- Јоне Дескоски — македонски партизан
- Јонче Нестороски — македонски партизан
- Никола Дескоски — македонски партизан
Иселеништво
уредиИселени злестинци и злестинки можат да се најдат во. Охрид, Битола, Струга, Скопје, Штип, Велес, Австралија, итн.[3]
Култура и спорт
уредиОд спортот доста е развиен фудбалот, при што има фубалски клуб ФК Злести кој игра во Охридската општинска лига. ФК Злести има свој стадион „Горни-Лаг“ каде ги изигрува своите натпревари. Во изградба е новиот полигон за мал фудбал и други спортови (ракомет, кошарка, одбојка) во склоп на подрачното основно училиште.
Во Злести секое лето се одржува традиционален турнир во мал фудбал.
Галерија
уреди-
Параклисот „Св. Никола“ под главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
-
Поглед на параклисот „Св. Никола“
-
Интересна архитектура во Злести
-
Поглед на селото Злести
-
Дел од селските гробишта и селските куќи
-
Едниот крај на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Маалото под црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Злести. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Грозданоски, Анѓеле (1994). Злести. Охрид.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 август 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-158-2. OCLC 27418468.
- ↑ „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски
уреди- Злести на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Злести на Карти на Гугл