Стрисовци
Стрисовци — село во Општина Пробиштип, во околината на градот Пробиштип.
Стрисовци | |
Општина | Пробиштип |
Население | 54 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 21031 |
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
Главна дејност на селото е комбинирано фармерство(земјоделство и сточарство)каде се одгледуваат околу 2000 до 3000 овци,100 грла крави(буши)и мал број на кози.Интересен е податокот дека во ова село сѐ уште може да најдете кокошки кои живеат на дрвa, односно не користат кокошарници од затворен тип и се адаптирани на големите климатски разлики кои се движат од -20 до +45 степени.Исто така не ретко се случува да домашните свињи кои ги има во скоро секоја куќа,во време на парење да се одметнувааат и се опрасуваат во околните ридови по што се враќаат кај сопствениците.Од земјоделските култури најзастапени се житните култури,граорот,вишните и лозјата, кои во секое домаќинство имаат култен статус.Месечните трошоци на домаќинствата се многу мали затоа што секое домаќинство има сопствени енергетски,водни и други ресурси кои обезбедуваат евтин и стабилен живот.Во селото има и приватна земјоделска задруга која ја обработува државната земја на површини од околу 500 до 900 ха.Има асфалтен пат,сопствен водовод,атмосферска канализација,телефон. Селото има добри услови за развој на комбинираното фармерство а во иднина се претпоставува дека ќе прерасне во Рурален Туристички Регион со мотели и хотели каде ќе се нудат чиста и здрава храна,чист воздух и одмор типичен за вакви средини.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стрисовци живееле 500 жители, сите Турци.[1]
Според пописот од 2002 година, во селото Стрисовци живеат 54 жител, сите Македонци.[2]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500[1] | 433 | 448 | 401 | 287 | 177 | 90 | 86 | 54 |
РодовиУреди
Стрисовци е македонско село.
Доселеници од Горно Барбарево: Шукевци-Фудулци, Дејановци, Чулевци, Сатиевци, Голубановци, Балабановци, Барборковци и Стојчевци.
Доселеници од Долно Барбарево: Ѓорчевци, Каревци, Гаџевци, Богоевци, Чупевци, Каракашци.
Помеѓу 1935-1936 година, како резултат на спроведената аргарна реформа, во Стрисовци се населуваат родовите: Герџовци (од Лесново), Клупчарци (од Горно Кратово), Парговци (од Крилатица), Куковци (од Опила), Бошавци (од Псача) и Бојковци-Јанковци (од Луке).[4]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1561 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
4о дена по Велигден(Спасовден)е слава на селото.На овој ден роднините и пријателите на луѓето кои живеат овде ,се собираат во домашна атмосфера и го прославуваат овој ден со чашка ракија и печено јагне.
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Во 70те и 80те години од минатиот век од селото почнуваат да се иселуваат голем број на луѓето и својата издршка да ја бараат надвор од него.Главни одредишта им се;Пробиштип,Св.Николе,Белград,Скопје,Штип и Куманово.Но во 2001 во селото почнуваат да се враќаат и да ги реставриаат старите куќи и имоти.За викендите,во селото доаѓаат роднините на мештаните кои помагаат во извршување на земјоделските работи.Интересно е да се спомене дека од ова село произлегле многу интелектуалци кои останале да работат во Белград,Скопје и Пробиштип но и тие полека пројавуваат интерес за враќање во родните огништа.Печалбари има и во Швајцарија,но и тие полека се враќаат и ги уредуваат имотите.Со новата Аграрна политика предводена од ВМРО-ДПМНЕ и СП,се пројавува интерес за обработување на земјата и зголемувања на стадата.
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 222.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопје 1974, с. 120-122 (автор на раздела – Т. Кондев).
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.