Ижиште

село во Општина Македонски Брод


Ижиште — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.

Ижиште
Selo Izista.jpg

Поглед на селото Ижиште

Ижиште во рамките на Македонија
Ижиште
Местоположба на Ижиште во Македонија
Ижиште на интерактивна карта

Карта

Координати 41°29′17″N 21°5′8″E / 41.48806° СГШ; 21.08556° ИГД / 41.48806; 21.08556Координати: 41°29′17″N 21°5′8″E / 41.48806° СГШ; 21.08556° ИГД / 41.48806; 21.08556
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Долно Кичево
Население 178 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6539
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03021
Надм. вис. 670 м
Ижиште на општинската карта
Ижиште во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Ижиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Ижиште на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во јужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, во горното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри.[2] Сместено е во подножјето на планината Песјак.

Атарот не е многу голем и зафаќа површина од 8 км2. Од него на обработливото земјиште отпаѓаат 176 хектари, на пасиштата отпаѓаат 229 хектари, а на шумите 313 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат Кичево-Македонски Брод во должина од 1 километар. Од самиот град Македонски Брод е оддалечено 14 километри.[2]

Во поново време, во јужниот атар на селото, покрај регионалниот пат се изградени стопански и станбени објекти.

ИсторијаУреди

Во XIX век, Ижиште било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Селото нема развиена земјоделска функција.[2]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948413—    
1953254−38.5%
1961197−22.4%
1971119−39.6%
198172−39.5%
ГодинаНас.±%
199190+25.0%
199479−12.2%
200263−20.3%
2021178+182.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ижиште имало 210 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ижиште имало 240 жители.[4]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 197 жители, а во 1994 година 79 жители, од кои 37 биле Македонци, 23 Турци, 1 Ром и 18 останати.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ижиште имало 63 жители, од кои 10 Македонци и 53 Турци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 178 жители, од кои 1 Македонец, 173 Турци, 1 Србин и 3 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 240 413 254 197 119 72 90 79 63 178
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

РодовиУреди

Во селото живеат само Македонци, повеќето родови во селото се стари. Во селото има 8 родови од кои поголемиот број стари родови.[11]

Стари родови во селото: Ночевци (10 к.), Тарунџиовци (9 к.), Костевци (7 к.), Миленковци (3 к.), Чопелевци (3 к.), Таневци (2 к.) и Богатиновци (1 к.).

Доселен е само родот: Кочовци (6 к.) доселени од селото Пуста Река кај Крушево.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Тарунџиовци (5 к.), Чопеловци (4 к.), Трпевци (1 к.), Мијајлевци (1 к.), Војневци (3 к.), Пејчиновци (2 к.) и Богатиновци (1 к.) сите наведени родови се староседелски; Пољанковци (3 к.) доселени се од селото Цер; Новачевци (6 к.) доселени се од селото Дворци; Ковачевци (1 к.) доселени се од селото Пуста Река кај Крушево.[12]

Самоуправа и политикаУреди

 
Главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Ижиште, во која влегувале селата Дворци, Ижиште, Преглово и Пласница.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Ижиште се наоѓале селата Дворци, Лисичани, Ореовец, Пласница, Преглево и Русјаци.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Челопеци.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачко место бр. 0224 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта
  • Кале — градиште, збег и црква од хеленистичко време, доцноримско време и среден век

ЛичностиУреди

Починати во Ижиште

ИселеништвоУреди

Стари иселеници од селото има во Романија и Северна Америка. Во Кичево се иселил родот Велкојовци. Во Скопје се иселил родот Пољаковци. Уште иселеници имало и во Пласница и во Дворци.[11]

После 1961 година имало посилен бран на иселување.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 135. Посетено на 11 октомври 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 октомври 2017.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423.
  12. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-10-27.
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
  14. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врскиУреди