Колешино
Колешино — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Колешино | |
Координати 41°22′59″N 22°49′00″E / 41.38306° СГШ; 22.81667° ИГДКоординати: 41°22′59″N 22°49′00″E / 41.38306° СГШ; 22.81667° ИГД | |
Општина | Ново Село |
Население | 845 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2435 |
Шифра на КО | 27034, 27534 |
Надм. вис. | 316 м |
Мреж. место | Колешино |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото Колешино се наоѓа на југоисточниот дел од Македонија, во близина на границата на Грција и Бугарија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 19 километри. Селото е познато по својот живописен Колешински Водопад, формиран на реката Баба и висок 19,5 метри.
ИсторијаУреди
Легенди за иметоУреди
Постојат две легенди околу името на селото. Според првата селото своето име го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот цар Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).
Отоманско ЦарствоУреди
Според кажувањата на постарите жители на ова место, селото првин било сместено 500 метри појужно во месноста Лееште (Леши) и се викало Спаса. Потоа луѓето се преселиле во месноста Морлада, кога селото почнало да се вика Колешино, па дури отпосле се населиле на местото каде што и ден денес живеат. Кањонот пак, на реката Баба е познат по случка од минатото, кога 16 калуѓери соочени со опасноста да бидат фатени од непријателот, ставиле марамчиња на очите и се фрлиле во бездната.
Селото првпат се споменува во пишаните извори во пописот од 1519 година, кога имало дваесет христијански семејства и само едно муслиманско. Колешино и во текот на целиот период од османлиското владеење во Македонија, останало со чисто христијанско население.
ЈугославијаУреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
МакедонијаУреди
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.
СтопанствоУреди
Земјоделство и градинарствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кулешино живееле 660 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колешино имало 768 Македонци, патријаршисти и 16 протестанти.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 845 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 838 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 3 |
Бошњаци | 0 |
останати | 4 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 660[2] | 784[3] | 912 | 1.104 | 1.240 | 1.140 | 1.114 | 1.031 | 880 | 845 |
Општествени установиУреди
Селото е познато по тоа што во него има цркви на четири различни вероисповеди: православната црква „Св. Спас“ (посетена од 160 семејства); евангелско-методистичка (60 семејства); адвентистичка (15 семејства) и црква на Јеховините сведоци (10 семејства).
Во селото се наоѓа и Основното училиште „Видое Подгорец“, кое го носи името на македонскиот писател Видое Подгорец кој е роден во ова место. Училиштето во 2010-тите било реновирано, со што се создале услови за следење на наставата.
Во селото се наоѓа чешмата Даревица која била изградена во 1939 година. Составен дел на селото се и Домот на културата, филтер станицата, канализациската мрежа.
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1777 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 765 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитостиУреди
Недалеку од Општина Ново Село се наоѓа мотелот Подгорски Ан.
На неколку километри од селото Колешино се наоѓа хотелот Цар Самоил.
Редовни настаниУреди
- НовоФест -годишен фестивал на Колешинскиот Водопад
- Групни венчавки на Колешинскиот Водопад
ЛичностиУреди
- Видое Подгорец (1934 - 1997), македонски писател
- Вилма Трајковска - поранешна Прва дама на Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.
- Панделис Папајоану (? - 1907), грчки андартски капетан
- Хараламбос Буфидис Козарис (1880- ?) — грчки револуционер, член на грчката вооружена пропаганда во Македонија
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 159.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врскиУреди
„Колешино“ на Ризницата ? |