Горна Душегубица
Горна Душегубица — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Горна Душегубица | |
Поглед на селото со заедничката селска црква „Св. Богородица“ со Долна Душегубица | |
Координати 41°30′25″N 20°49′1″E / 41.50694° СГШ; 20.81694° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12017 |
Горна Душегубица на општинската карта Атарот на Горна Душегубица во рамките на општината | |
Горна Душегубица на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишниот дел на реката Треска, а на југоисточните падини на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.100 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри, а од патот Кичево-Охрид 2,3 километри.[2]
Куќите во ова село се наоѓаат на издигнати тераси, високи над 950 метри. Околни села се: Лавчани, Извор и Кленоец.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Староец, Вирои, Речиште, Круша и други.[3]
Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи се работи за мало село.[3]
Сместено е во областа Горна Копачка, во близина на подножјето на Бистра.
Историја
уредиМештаните наведуваат дека Душегубица е старо село. Во историските извори, историчарот М. Пурковиќ претпоставува дека е споменато околу 1300 година, кога е спомената „воденица под Душегубица“.[3]
Други историски извори се турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога е споменато под името Душица и имало 53 куќи.[3]
Во месноста Косов Рид се среќаваат руини од стар храм. Селото порано било сместено во месноста Старо Село, кое било напуштено поради насилство.[3]
Во XIX век, Горна Душегубица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
На 28 август 1943 година, Вториот кичевски ПО во селото Душегубица (наречено Душогубица) одржал голем митинг, а НОО го извршило првото јавно судење на слободна територија на Македонија на службениците од окупаторската општина од село Извор.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 19 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 970,8 хектари, на шумите отпаѓаат 823,1 хектар, а на обработливото земјиште само 69,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Душегубица (Горна и Долна) и Кленоец имало 580 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Душегубица имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото заедно со Долна Душегубица имале 350 Македонци.[6]
Во 1961 година селото броело 336 жители, додека во 1994 година бројот се намалил само на 15 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Горна Душегубица живееле 4 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 580 | 240 | 374[б 1] | 457[б 1] | 336[б 1] | 107 | 46 | 14 | 15 | 4 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиГорна Душегубица е македонско православно село.[3]
Родови во селото се: Трпевци, Картаровци, Мојсовци, Китановци и уште некои други, сите заедно имаат 59 куќи. Сите се староседелски родови.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Горна Душегубица, се наоѓале и селата Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0761 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Долна Душегубица.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[16]
- Црква „Св. Богородица“ — главна селска црква, заедничка со соседното село Долна Душегубица
Личности
уреди- Ристе Лазарески — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Мерџан Стојков Митрески — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Србин Богојев Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Милан Тренев Трпески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Крсте Тренев Филипоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Арсена Алексоска — учесник во НОВ на Македонија.
- Калина Алексоска — учесник во НОВ на Македонија.
Иселеништво
уредиОд Душегубица имало често иселување на населението. Родот Поповци (2 к.) кон крајот на XIX век преминало во мијачкото село Росоки. Поголеми иселувања имало по Втората светска војна, кога одредени домаќинства се преселиле во пониските кичевски села, како Извор, Другово и Староец. Родот Новевци (2 к.) во 1964 година се иселил во селото Степанци.[3]
Забелешки и наводи
уредиБелешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Податоците од населеното место Долна Душегубица, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Горна Душегубица.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 74. Посетено на 14 јануари 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 93–94.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јануари 2019.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 14 јануари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 14 јануари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 14 јануари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Горна Душегубица на Ризницата ?