Ласкарци
Ласкарци — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Ласкарци | |
Координати 41°58′18″N 21°12′32″E / 41.97167° СГШ; 21.20889° ИГД | |
Општина | Сарај |
Област | Скопско Поле |
Население | 1.169 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25163 |
Надм. вис. | 410 м. м |
Ласкарци на општинската карта Атарот на Ласкарци во рамките на општината | |
Ласкарци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, на лево од автопатот Скопје - Тетово. Селото се наоѓа на десната страна на Суводолица.
Историја
уредиКон крајот на XIX век Ласкарци било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство.
На 13 февруари 2019 кај Ласкарци се случи голема автобуска несреќа во која автобус излета од автопатот Тетово-Скопје, што резултираше со 16 починати патници.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ласкарци живееле 275 жители, сите Албанци.[2]
По Балканските војни е забележано со 414 жители.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Ласкарци — село во Групчинска општина и има 56 куќи со 497 жители, Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.190 жители, од кои 1.189 Албанци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.169 жители, од кои 1.127 Албанци и 42 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 275 | — | 585 | 624 | 709 | 762 | 990 | 5 | 1.083 | 1.190 | 1.169 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЛаскарци е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Мезин (10 к.) потекнуваат од фисот Бериша (Љума) во северна Албанија. Овде се доселени во почетокот од XIX век; Качуп (18 к.) доселени се од северна Албанија. Овде живеат од исто време како и родот Мезин, уште тврдат дека имаат роднини во некое кумановско село; Борозун (15 к.) доселени се од северна Албанија; Таировци (12 к.) и Суљовци (12 к.) потекнуваат од двајца браќа кои дошле од северна Албанија. Старото име им е Фичои. Доселени се во првата половина на XIX век. Уште се зборува дека од старото место во Албанија се иселиле четири браќа, двајца дошле во Ласкарци, еден отишол во Ларце, а четвртиот во селото Коњари близу Скопје; Љумљан (2 к.) по потекло од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле во Рогле, па потоа прешле во Ласкарци, во Рогле немаат роднини, затоа што од таму се иселиле во Тетово и Турција.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Бадеми — некропола од доцноантичко време
Личности
уреди- Насер Зибери (р. 1961) — политичар
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.211
- ↑ Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Ласкарци, на Карти на Гугл