Погулево
Погулево — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Погулево | |
Поглед на селото | |
Координати 41°36′22″N 22°22′33″E / 41.60611° СГШ; 22.37583° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22034 |
Надм. вис. | 560 м |
Погулево на општинската карта Атарот на Погулево во рамките на општината | |
Погулево на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 15 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во малото Дамјанско Поле.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 560 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 10 километри.[4]
Селото се наоѓа на падините на планината Смрдеш, а до него води земјен пат од селото Дамјан.
Историја
уредиСпоред археолошкото наоѓалиште во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 6,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 302 хектари, на пасиштата отпаѓаат 236 хектари, а на шумите само 97 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделска функција.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Погулево живееле 75 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Погулево имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Погулево е мало село, населено со македонско население, но е доведено во фаза на раселување. Во 1961 година селото имало 149, а во 1994 година само 18 жители.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Погулево живееле 15 жители, сите Македонци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 75 | 72 | 151 | 157 | 149 | 105 | 51 | 27 | 18 | 15 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиПогулево е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]
- Доселеници: Алексовци со Ѓоргевци и Трајковци (2 к.), доселени се од селото Дамјан; Мицевци и Спасовци (1 к.), доселени се однекаде; Рашлијевци со Дончини (4 к.), доселени се од селото Конче; Ристевци и Јовановци (6 к.), доселени се на почетокот од XIX век од Кочанско; Бараковци со Илијевци и Коцевци (2 к.), доселени се набрзо после претходниот род од некое село во Овче Поле.
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Погулево било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Погулево, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1597 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Дамјан.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 178 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 168 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[5]
- Чурлово Лозје — населба и топилница од доцноантичко време
- Цркви
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 19 јануари 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 237. Посетено на 19 јануари 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 329. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 235.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 13 јануари 2022.