Селци

село во Општина Струга

Селци — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Стогово.

Селци

Поглед на селото Селци

Селци во рамките на Македонија
Селци
Местоположба на Селци во Македонија
Селци на карта

Карта

Координати 41°23′58″N 20°37′20″E / 41.39944° СГШ; 20.62222° ИГД / 41.39944; 20.62222
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Малесија
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26045
Надм. вис. 1.244 м
Селци на општинската карта

Атарот на Селци во рамките на општината
Селци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед кон селото

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на јужните падини на планината Стогово.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 до 1.150 метри.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, Селци било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 27,9 км2 (заедно со селото Буринец). На него преовладуваат шумите на површина од 1.895 хектари, на пасиштата отпаѓаат 844 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[2]

Селото има сточарско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948276—    
1953252−8.7%
196138−84.9%
19712−94.7%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
19944—    
20020−100.0%
20216—    

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Селци имало 1.050 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Селци имало 1.144 жители.[4]

Според весникот „Дебарски глас“ од 1911 година, Селци-Буринец имало 150 жители Македонци христијани.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Во 1961 година, селото броело 38 жители, а во 1994 година бројот се намалил на четири жители, македонско население, а селото е во фаза на целосно раселување.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Селци немало жители.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Македонци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.050 1.144 276 252 38 2 0 0 4 0 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Селци било чисто македонско село, кое денес е целосно раселено. Во минатото селото Буринец било сметано како маало на селото Селци. Родовите во селото се староседелци од околината на Селци и доселеници. Доселениците може да се поделат, на родови што си го знаат потеклото и родови со непознато потекло.

Стари доселенички родови со непознато потекло се: Передевци (1 к.), Јовковци (2 к.), од овој род потекнува Арсениј Јовков, Цуцуловци (1 к.), Чапчиовци (3 к.), Славковци (14 к.) и Јанковци (3 к.); родовите Чапчиовци, Славковци и Јанковци потекнуваат од ист предок.

Доселени родови со познато потекло се: Поповци (5 к.) и Протуѓеровци (3 к.) се еден род, чии предци „кој знае кога“ дошле од околината на Вучитрн; Бачовци (1 к.) биле сточари, доселени се од некое место на планина во атарот на село Врбјани, Дебрца; Србиновци (2 к.), доселени се од Вучитрн или од околината на Вучитрн; Василовци (1 к.) за нив се мисли дека се доселени од некое село во Кумановско; Шкутовци (1 к.) доселени се од раселеното село Славила кое постоело во атарот на Селци; Лошановци (1 к.) и тие се доселени од раселеното село Славила, а подалечно потекло имаат од селото Волино; Јовчевци (7 к.) исто така доселени се од раселеното Славила, доселени се во Селци во исто време кога и Лошановци; Баручиовци (7 к.) доселени се од мијачкото село Лазарополе; Аврамовци (2 к.) доселени се од дебарското село Долгаш и Гроздановци (1 к.) доселени се од селото Долно Елевци.[13]

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Селци, се наоѓале и селата Буринец, Дренок, Модрич, Отишане и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Селци било дел од некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Селската црква „Св. Никола“ и споменикот посветен на соселаните Војдан Чернодрински и Арсениј Јовков и паднатите борци во Илинденското востание и во НОБ
Цркви[17]
Споменици

Личности

уреди
Родени во Селци

Иселеништво

уреди

Од Селци со текот на времето многу родови се иселиле или изумреле.

Иселеништво продолжило и по 1950 година, така што денес селото е целосно раселено.[13]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 270. Посетено на 13 октомври 2018.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 260.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  5. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 октомври 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Малесија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје. Историско-филолошки оддел. кн. 6 (1953). стр. 56.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 октомври 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 8 октомври 2018.
  16. „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 8 октомври 2018.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Чернодрински, Войдан. Свещеник Георги Кузманов. Вестник „Дебърски глас“, подлистник, брой 45-49, София, 1910.
  19. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 12.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 137.
  21. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 127.
  22. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 43.
  23. „Пратенички состав 1998-2002“. Собрание на Македонија. Отсутно или празно |url= (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди