Рогачево
Рогачево — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.
Рогачево | |
Панорама на Рогачево | |
Координати 42°9′23″N 21°9′24″E / 42.15639° СГШ; 21.15667° ИГД | |
Општина | Јегуновце |
Население | 282 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28067 |
Надм. вис. | 770 м |
Мреж. место | Рогачево |
Рогачево на општинската карта Атарот на Рогачево во рамките на општината | |
Рогачево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во областа Долни Полог, во југоисточните пазуви на Шар Планина, под црвот Љуботен.
Историја
уредиРогачево за првпат се споменува во турските дефтери и пописи во 1467 година. Според усмените приказни, се кажува дека тука во шумата над изворот се сокривале некој монаси, веднаш по Косовската битка. Тоа место и тој извор и ден денес се вика Калуѓер. Во Рогачево во 1467-68 година имало 59 домаќинства и 4 вдовици. Во време на вториот и третиот попис во 1545 и 1568 за Рогачево нема точни информации колку домаќинства живееле, но има информации дека Рогачево и селото Вратница имале најголем број на домаќинства.
Во XIX век, Рогачево било село во рамките на Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рогачево живееле 210 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рогачево имало 440 Македонци, патријаршисти.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Рогачево е центар на општина и има 54 куќи со 396 жители, сите Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]
Рогачево е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 574 жители, а во 1994 година 353 жители, македонско население.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 347 жители, од кои 338 Македонци, 8 Срби и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 282 жители, од кои 250 Македонци, 10 Срби, 3 останати и 19 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | 440 | 565 | 563 | 574 | 554 | 572 | 552 | 353 | 347 | 282 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиРогачево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Староседелци: Станковци (8 куќи);Ќосевци (3 куќи); Јанковци (8 куќи); Ивановци (9 куќи) имаат иселеници во Вратница и во Белград (едно семејство); Окалинци (2 куќи); Мрчиќевци (7 куќи); Милевци (3 куќи); Трпановци (4 куќи) имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Николовци (11 куќи)
- Доселеници: Рајчиќевци (9 куќи) доселени се од селото Биќевац во Косово. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Шоповци (5 куќи) доселени се од Сириниќ; Грујевци (10 куќи) потекнуваат од предокот Грујо, кој се доселил од некое село во Горна Морава. Имаат иселеници во Ратае, Раотинце и во Фалише;.Дојчиќевци (1 куќа) рано доселени од Косово или Горна Морава. Имаат иселеници во Јанчиште; Костанаќовци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Вратница. Таму припаѓал на некој староседелски род.[12]
Општествени установи
уреди- Цркви[13]
- Црква „Св. Спас“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — црква во месноста Тиквица;
- Црква „Св. Петка и Св. Недела“ — мала црква по текот на Калуѓерска Река;
- Црква „Св. Илија“ — главна манастирска црква во месноста Калуѓер;
- Црква „Св. Спас“ — мала црква на влезот од селото;
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2131 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 339 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Тони Коцески (р. 1 февруари 1972) - градоначалник на Општина Јегуновце[16]
- Никола Пашиќ? (1845-1926) - српки политичар и државник (според некои извори се смета дека таткото е од Рогачево)
- Бобан Јанчески - Јанкер - македонски фудбалер (р. 30 април 1978, Виена, потекло од Рогачево)[17]
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1972). Полог. Белград: САНУ. стр. 293-294-295.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Нови градоначалници - Тони Коцески“. 16 октомври 2006. Посетено на 2009-10-25.[мртва врска]
- ↑ „Кумановскиот „снајперист" страв и трепет за голманите“. 12 декември 2006. Посетено на 2009-10-25.
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди„Рогачево“ на Ризницата ? |
- Портал на Рогачево Архивирано на 26 септември 2006 г. (македонски)
- Рогачево Архивирано на 2 февруари 2010 г. - информативна страница за Рогачево (англиски)
- Рогачево природна реткост како во приказните[мртва врска] - репортажа од селото