Беловиште (Тетовско)

село во Општина Јегуновце

Беловиште — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Беловиште
Centar na Belovište.JPG

Центарот на Беловиште

Беловиште во рамките на Македонија
Беловиште
Местоположба на Беловиште во Македонија
Беловиште на интерактивна карта

Карта

Координати 42°08′12″N 21°06′15″E / 42.13667° СГШ; 21.10417° ИГД / 42.13667; 21.10417Координати: 42°08′12″N 21°06′15″E / 42.13667° СГШ; 21.10417° ИГД / 42.13667; 21.10417
Општина Јегуновце
Население 230 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28001
Надм. вис. 669 м
Беловиште на општинската карта
Беловиште во Општина Јегуновце.svg

Атарот на Беловиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Беловиште на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

ИсторијаУреди

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година Беловиште е запишано како село со 47 домаќинства.[2]

Беловиште името го добило по беложолтата боја на глината што ја има на една падина над селото. Населбата е од збиен тип на куќи и со повеќе маала: Печинско, Попоско, Маркоско, Степанско, кои се меѓусебно поврзани. Над селото се наоѓа месноста Градиште со остатоци од ѕидини за кои се смета дека се од римско време.

Во XIX век, Беловиште било село во рамките на Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948888—    
1953888+0.0%
1961809−8.9%
1971825+2.0%
1981851+3.2%
ГодинаНас.±%
1991907+6.6%
1994316−65.2%
2002311−1.6%
2021230−26.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беловиште живееле 550 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беловиште имало 600 Македонци, патријаршисти.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Беловиште — село во Вратничката општина и има 102 куќи со 960 жители, сите Македонци.[5]

Беловиште е средно по големина село, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 809 жители, а во 1994 година 316 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 311 жители, од кои 304 Македонци и 7 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 230 жители, од кои 187 Македонци, 13 Срби, 1 останат и 29 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 550 600 888 888 809 825 851 907 316 311 230
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

РодовиУреди

Беловиште е македонско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Марковци (17 к.) ги викаат и Кантранџии. Имаат иселеници во Подбреѓе и во Романија (едно семејство); Поповци (34 к.) од нив потекнувале селските свештеници (Серафил, Стефан, Ѓоргија и Мисаил). Имаат иселеници во Скопје (две семејства) и во Белград (едно семејство); Степановци (24 к.) се делат на Куклеи, Љиљакои и Ѓокои. Имаат иселеници во Јанчиште, Бугарија (две семејства) и во Романија (едно семејство).
  • Доселеници: Пејчиновци (32 к.) потекнуваат од некое место во Албанија, доселени се како православни. Пред доселувањето во Беловиште живееле во околината на Качаник (некои мислат во селото Котлина). Имаат иселеници во Јегуновце, Брвеница, Белград (едно семејство) и во Романија (едно семејство); Шукои (3 к.) доселени се од некое албанско село во Качаничка клисура; Гроздановци (10 к.) доселени се од селото Јелошник на Шар Планина. Таму биле староседелци; Вељановци (6 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Старо Село, таму припаѓале на истоимениот староседелски род; Душан (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Доброште; Борис (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Требош; Божин (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Јелошник; Душан (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Селце, во Средска (денес во Косово);Сане (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Жилче; Димко (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Теарце;Терзинци (1 к.) основачот на родот по мајка дошол од селото Непроштено. Роми: Реџо (1 к.) селски ковач. Доселени од соседното село Доброште.[12]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2127 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на здравствен дом.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 336 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Црквата „Св. Богородица“ во Беловиште
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта
  • Градиште - утврдена населба од доцниантичкото време;[16]
  • Поле — населба од доцниантичкото време;[17]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Личности родени во Беловиште:

Култура и спортУреди

  • ФК „БСК“ — фудбалски клуб
  • КК „Тигар 2003“ — карате-клуб

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 302-303-304.
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Српски етнографски зборник (српски) (90-91. изд.). Српска академија наука и уметности. 1976.
  17. Алексова Б., 1959, 225

Надворешни врскиУреди