Јаношево

село во Општина Неготино

Јаношево или Енешево — село во Општина Неготино, централна Македонија. Денес нема жители.[2]

Јаношево
Јаношево во рамките на Македонија
Јаношево
Местоположба на Јаношево во Македонија
Јаношево на карта

Карта

Координати 41°37′53″N 22°00′57″E / 41.63139° СГШ; 22.01583° ИГД / 41.63139; 22.01583
Регион  Вардарски
Општина  Неготино
Област Тиквешија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 043
Шифра на КО
Надм. вис. 300 м
Јаношево на општинската карта

Атарот на Јаношево во рамките на општината
Јаношево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во Тиквешијата, во крајниот северозапад на општината и северно од градот Неготино.

Историја

уреди

Во XIX век Јаношево било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Енеш Обаа имало 250 жители, сите Турци.[3]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажал Енеш Оба (Eneš Oba) како турско село.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[5]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
19710—    
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Јаношево традиционално било турска населба. Податоците за него се крајно оскудни, веројатно бидејќи во повоениот период се сметало за маало на соседно село, или било официјално отпишано. Почнува да се попишува како одделно село од 1971 г. па натаму, кога веќе немало ниеден жител. Ова е случај со сите понатамошни пописи.[6] Според пописот од 2002 година, Јанешево немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 232. ISBN 954430424X.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Јаношево — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди