Ресен

град во Општина Ресен

Ресенград во југозападниот дел на Република Македонија и седиште на Општина Ресен, и претставува административен и економски центар на областа Преспа, која е заградена со високи планини. Баба од источната страна, Галичица од Запад, Бигла од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен.

Ресен
Град
Главната улица во Ресен
Главната улица во Ресен
Знаме на РесенГрб на Ресен
Ресен is located in Македонија
Ресен
Ресен
Местоположба на Ресен во Македонија
Координати: 41°05′N 21°00′E / 41.083° СГШ; 21.000° ИГД / 41.083; 21.000
ДржаваРепублика Македонија
РегионПелагониски Регион
ОпштинаОпштина Ресен
Управа
 • ГрадоначалникЈован Тозиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&10000000000000885000000885 м
Население (2021)
 • Вкупно7,904
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 047
Рег. таб.RE
Мреж. местоwww.resen.gov.mk

Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер му даваат на регионот посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина во Република Македонија. Сместено е на јужната страна од Преспанската Котлина помеѓу планините Галичица и Баба 835 м надморска височина.

Културата во Преспа датира уште од Неолитот. Вија Егнација поминувала низ котлината за време на Римското Царство. Постојат голем број на споменици на уметноста во регионот. Најпопуларен е манастирот во Курбиново изграден во 1191 год. Грнчарството е развиено во Преспа уште во минатото и сѐ уште е присутно благодарение на Ресенската керамичка колонија. Колонијата претставува дом за многу светски познати грнчари од секаде, за време на летниот период, секоја година.

Географија

уреди

Градот Ресен лежи во северниот дел на Преспанската Котлина, од двете страни на Голема Река, а недалеку северно од Преспанското Езеро, на надморска височина од околу 880 м. Зафаќа површина од 402 ha. Низ Ресен поминува магистралниот пат М-5, кој на запад го поврзува со Охрид (36 км), а на исток со Битола (32 км). Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 9,6 оС и просечна годишна количина на врнежи од 717 мм.

Историја

уреди

Античка и средновековна историја

уреди

Во антиката просторот на Преспа бил населен од горномакедонското племе Орести. При Филип II Македонски тие се цврсто споени со македонската држава.

За време на Римското Царство низ Преспа поминувал познатиот староримски пат "Виa Егнација“. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни станици. Една од нив била Скиританија, на чие место подоцна израснала словенската населба Ресен.

Во VI и VII век во реонот се населува словенското племе Брсјаци.

 
Панорама на Ресен во почетокот на XX век

Првпат Ресен се спомнува како средновековна населба во една повелба на Душановиот законик од 1337 год, под името Росне. Во еден попис од XVI век населбата е регистрирана како Ресне. За време на владеењето на Стефан Душан (XIV век) исто така како населби се спомнуваат и Јанкоец, Љубојно, Наколец, Нивици и Глобочани и самата област Преспа (рибари од Преспа). Во XVIII век со развојот на трговијата и занаетчиството Ресен прераснува во мала градска населба.

Османлиски период

уреди
 
Жени од Ресен во своите народни носии во почетокот на XX век

Во 1582 година, Преспанската нахија го опфаќала пределот околу северниот брег на Преспанското Езеро, но Ресен не се споменува во оваа нахија. Подоцна во 17 век, Ресен израснува во касаба, која Евлија Челебија ја има споменато, но надвор од Преспанската нахија. Овој патописец, за градот кој го посетил во истиот век, запшал: „Ресен има 180 куќи покриени со ќерамиди, со само две маала. Населбата е опкружена со бавчи, а населението е христијанско и муслиманско. Има две џамии од кои едната е сместена во чаршијата, а во нејзиниот двор има медреса. Има и дервишко теќе, амам, ан и дваесет дуќани“[1]

Во Ресен дури кон крајот на 18 век, започнале да се развиваат занаетчиството и трговијата, а со самото тоа, јакнела и економската моќ на самите трговци и занаетчии. Поради тоа, неизбежно било и оформувањето на чаршија, додека самата населба прераснувала во економски центар на Преспа. Во почетокот населбата добива градска физиономија, за подоцна да стане и административен центар на турската власт. Истиот век, поточно во 1894 година, е осветена и катедралната црква Црква „Св. Кирил и Методиј“, на кое осветување присуствувале голем број идни и угледни дејци од Македонија. Иако навидум постои економски пораст во градот, поголемиот број граѓани се бореле за својата егзистенција. Експанзивниот начин на стопанисување, не овозможувал добар животен стандард на населението. Поради ваквите состојби, во Ресен и во неговата околина, голем број граѓани од цела Преспа, заминуваат на печалба во туѓина. Најголем број од населението заминало на почетокот на 20 век, во периодот пред и за време на Балканските и Првата светска војна, и тоа најмногу во прекуокеанските земји.[1]

За време на Илинденското востание во август 1903 во Ресен и неговата околина се воделе жестоки борби. Иако дошло до ослободување на повеќе преспански села, градот Ресен не бил ослободен. Во втората половина на август во Ресен пристигнале три одреди турска војска и броен башибозук, вкупно околу 600 души со цел да ги задушат востаничките сили во реонот.[2]

Во градот Ресен започнала Младотурската револуција на 3 јули 1908 година кога турскиот офицер Ахмед Нијази-бег организирал прва востаничка чета составена од турски војници и граѓани. Кон оваа револуција масовно се приклучиле и Македонците. Целта на револуцијата била модернизација, уставност и демократизација на земјата.

Современа историја

уреди
 
Поглед на Ресен во 1928 година

За време на фашистичката окупација, Преспа доживува уште едно распарчување. Северниот дел со градот Ресен потпаднал под бугарска окупација, а делот јужно од Ресен под италијанска окупација и приклучен кон т.н. Голема Албанија.

Уште во 1941 год. комунистите од Преспа ги започнаа подготовките за оружена борба против окупаторите. Пролетта 1942 беа формирани првите партизански групи, а на 6 јули 1942 год над с. Златари бил формиран Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.

 
Панорама на Ресен

На 2 август 1943 во непосредна близина на с. Отешево било одржано познатото Преспанско советување, на кое присуствувале членовите на ЦК на КПМ главниот штаб на НОВ и ПОМ. Тука биле донесени важни одлуки за понатамошниот разгор на востанието во Македонија. Голем број преспани активно учествуваа во повеќе единици на НОВ на Македонија.

Дефинитивно Преспа своето ослободување го дочека на 11 септември 1944 год. Во единиците на НОВ и партизанските одреди од Преспа учествувале 1.902 борци. Од нив носители на "Партизанска споменица 1941" биле 29 борци. Поетот Мите Богоевски бил прогласен за народен херој. Во борбите за ослободување на Македонија загинале 128 борци. Поистакнати команданти и раководители од Преспа се: Наум Веслиевски - Овчарот, Мите Трповски-Војводата, Цветко Узуновски и други.

Панорамски поглед на градот Ресен, погледнато од камбанаријата на црквата „Св. Никола Горни“ во селото Царев Двор

Население

уреди
 
Сарајот (дворецот) на Нијази-бег во кој денес се наоѓаат Домот на културата „Драги Тозија“ и Ресенската Кера мичка Колонија

По 1385 година Преспа како и цела Македонија потпаѓа под Османлиското Царство. Од тој период во градот Ресен и селата јужно од него се доселува турско население. Во XVIII век турските феудалци од албанско потекло, почнале да населуваат и албанско население. Покрај нив, во Преспа се спомнуваат и Власите како посебен ентитет.

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Ресенскиот срез имало 23.137 жители, од кои 4.737 во градот Ресен, а 18.400 во селата во Преспа. Од етнички аспект, населението го сочинувале 17.354 (75 %) Македонци, 2.462 (10,6 %) Албанци, 2.421 (10,4 %) Турци, 290 (1,25 %) Роми, 246 (1,06 %) Срби, 240 (1,03 %) Власи и 124 останати.[3]

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 8.748 жители и спаѓал во групата на мали градови.[4] Етнички гледано, населението е составено од:[5]

Етнички групи[5]
Македонци
  
73,51 %
Турци
  
15,65 %
други
  
4,32 %
Албанци
  
3,72 %
Роми
  
1,93 %
Срби
  
0,66 %
Власи
  
0,21 %
Народ Жители Удел (%)
Македонци 6.431 73,51
Албанци 325 3,72
Турци 1.369 15,65
Роми 169 1,93
Власи 18 0,21
Срби 58 0,66
други 378 4,32
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[5]:

Јазици[5]
македонски
  
75,15 %
турски
  
15,49 %
албански
  
7,19 %
ромски
  
1,29 %
српски
  
0,42 %
други
  
0,32 %
влашки
  
0,11 %
бошњачки
  
0,02 %
Јазик Говорници Удел (%)
македонски 6.574 75,15
албански 629 7,19
турски 1.355 15,49
ромски 113 1,29
влашки 10 0,11
српски 37 0,42
бошњачки 2 0,02
други 28 0,32
Вероисповед

Во Ресен се застапени следните верски групи[5]:

Религија[5]
православие
  
72,95 %
ислам
  
25,97 %
други
  
0,97 %
католицизам
  
0,08 %
протестантство
  
0,02 %
Вера Лица Удел (%)
Православни 6.382 72,95
Муслимани 2.272 25,97
Католици 7 0,08
Протестанти 2 0,02
други 85 0,97

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Ресен:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19484.737—    
19535.204+9.9%
19615.824+11.9%
19717.142+22.6%
19818.263+15.7%
ГодинаНас.±%
19919.823+18.9%
19948.864−9.8%
20028.748−1.3%
20217.904−9.6%
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 4.737
1953 3.170 157 1.746 1 43 48 39 5.204
1961 3.845 293 1.555 68 63 5.824
1971 4.668 523 1.758 3 88 102 7.142
1981 5.386 495 1.895 39 17 53 378 8.263
1991 6.870 354 1.895 130 14 56 504 9.823
1994 6.439 328 1.388 96 19 58 356 8.684
2002 6.431 325 1.369 169 18 58 0 378 8.748
2021 5.357 374 1.084 294 29 49 8 230 479 7.904

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Ресен
Археолошки наоѓалишта[6]
Цркви[7]
Џамии

Познати личности од Ресен

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.71-71
  2. „Илинденско востание - Борбите во Ресенско“. www.macedonium.org.
  3. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  4. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди