Горно Барбарево
Горно Барбарево — село во Општина Пробиштип.
Горно Барбарево | |
Општина | Пробиштип |
Шифра на КО | 21005 |
Географија и местоположбаУреди
Горно Барбарево — село во општина Пробиштип. Од градот Пробиштип селото е оддалечено 14км источно. Соседно, а и најблиско село е селото Долно Барбарево. Потоа други соседни села се: Горни Стубол од север, Долни Стубол од исток, Строиманци од запад.
ИсторијаУреди
Според народното предание селото Горно Барбарево е многу старо село. Тоа во минатото било едно село со Долно Барбарево, но потоа се поделиле.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според пописот од 2002 година, во Горно Барбарево имало 37 жители.
РодовиУреди
Горно Барбарево е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Шуќевци (6 к.), Чуљанци (3 к.), Тасевци (5 к.) и Дејановци (3 к.)
- Доселеници: Топтанци (2 к.) и Нековци (2 к.) доселени се во првата половина на XVIII век од Прилепско; Балабановци (3 к.), Барборковци (9 к.), Тодоровци (6 к.) и Чинговци (4 к.) првите два рода потекнуваат од ист предок, и останатите два рода се од еден предок. Сите заедно се доселени во средината на XVIII век од областа Матија во Албанија; Балабановци (5 к.) и Уртовци (2 к.) се еден род. Они се доселени од околината на Истанбул во Турција во втората половина на XVIII век; Сатчиевци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Стрисовци; Стојанчевци (3 к.) доселени се во XIX век од селото Секулица кај Кратово.[1]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1562 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[2]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[3]
Културни и природни знаменитостиУреди
Археолошки наоѓалиштаУреди
- Грамада - градиште од доцноантичко време.
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |