Добарце
Добарце (албански Dobërca или локално Dëbërcë) — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.
Добарце | |
Координати 41°57′15″N 21°5′16″E / 41.95417° СГШ; 21.08778° ИГД | |
Општина | Желино |
Население | 1.295 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1218 |
Шифра на КО | 28021, 28521 |
Надм. вис. | 640 м м |
Добарце на општинската карта Атарот на Добарце во рамките на општината | |
Добарце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиДобарце се наоѓа под падините на Сува Гора во горниот тек на Суводолица и е на надморска височина од 640 метри.[2]
Историја
уредиВо почетокот на ноември 1915 година, српската армија ја врши својата евакуација од Западна Македонија, и при своето поминување зад себе оставиле пустош, урнатини и изгорени села.
Есента на 1915 година српската војска заминува од Тетово за Скопје и во местото наречено „Клисура“ - меѓу селото Желино и село Групчин, ја следеле крадци пеи некоја престрелка со оружје е убиен српски војник. Убиецот избегал во Добарце. Војската го следела и навлегла во селото. Бидејќи никој не кажувал кај се крие убиецот, српската војска почнала да ги убива сите мажи ви селото. Претежно биле набивани на бајонет. После тоа војската продолжила за Скопје и од сите мажи останале само двајца живи. Едниот не бил воопшто повреден, додека другиот имал рана од бајонет. Ден потоа било извршен погребот на лицата. Биле масакрирани 70 мажи, едно дете и неговата мајка. Сите биле жители на Добарце, освен еден кој бил од Горна Лешница.[3]
Стопанство
уредиЖителите на ова село се занимаваат со земјоделство. Карактеристична е да се напомене дека на овие полиња засеани со пченица се добива висок принос со високо ниво на квалитет. Друг дел од жителите на селото се вработени во странство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Кон крајот на XIX век Добарце — село во Тетовската каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 год. Добарце е село, населено од 275 жители арнаути мохамедани.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Добарце — село во Желинската обштина (со центар во Сараќино) во Долнополошкиот срез и има 80 куќи со 434 жители албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 година селото има 1.695 жители, од кои 1 Македонец, 1.692 Албанци и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.295 жители, од кои 1.209 Албанци и 86 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 275 | — | 752 | 820 | 924 | 1.042 | 1.306 | 0 | 1.536 | 1.695 | 1.295 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Знаменитости
уредиВо селото се наоѓаа гробиштата на т.н. маченици кои биле жители на сделото. Тука постојат гробови на 72 луѓе кои биле погубени во 1915 година од страна на тогашниот српски режим.
Инфраструктура
уредиПатот кој води кон селото е асфалтиран. Тука со помош на општината Желино при воспоставување на браната се предизвикало штета на селото во самиот центар. Повеќето од селските сокаци се калдрмисани.
Самоуправа и политика
уредиОва село има основно четиригодишно училиште „Пашко Васа“, кое е подрачна единица на групчинското централно училиште. До селото се наоѓа и базата на македонската армија „Еребино“.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2093 и 2094 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.600 гласачи.[14]
Култура и спорт
уредиВо селото егзистира Фудбалски клуб ФК Добарце, кој е оформен на 30 септември 2007.
Личности
уреди- Исамедин Лимани (р. 1966) - Функционер во Тетово и член на ДИК
Иселеништво
уредиКако и кај сите македонски села со значител број на албанско население, така и кај Добарце е забележано масовно привремено иселување во западноевропските земји. Најголем дел се иселени во Германија, Швајцарија и Данска.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Податоци за Добарце“. Архивирано од изворникот на 2009-04-20. Посетено на 2009-08-30.
- ↑ „Список на жртвите од Добарце“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 2009-08-30.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2009-08-30.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Добарце на Карти на Гугл
- Мрежно место на Добарце Архивирано на 20 април 2009 г.