Муртино

село во Општина Струмица

Муртино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. Во периодот 1996-2004, селото било седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Струмица.

Муртино

Поранешната општинска зграда

Муртино во рамките на Македонија
Муртино
Местоположба на Муртино во Македонија
Муртино на карта

Карта

Координати 41°24′55″N 22°43′36″E / 41.41528° СГШ; 22.72667° ИГД / 41.41528; 22.72667Координати: 41°24′55″N 22°43′36″E / 41.41528° СГШ; 22.72667° ИГД / 41.41528; 22.72667
Општина Струмица
Население 1.740 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2432
Шифра на КО 27043, 27543
Надм. вис. 196 м
Слава Ѓурѓовден
Муртино на општинската карта

Атарот на Муртино во рамките на општината
Муртино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Муртино се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 8 км. Надморската височина во селото е 212 м а површината на селото изнесува 1.640 ха.

Селото граничи со Свидовица, Банско, Сачево, Моноспитово, Робово, Еднокуќево, Бајрамбос, Кочули.

Историја уреди

 
Селска чешма
 
ОУ „Маршал Тито“ - Муртино
 
Црква „Св. Ѓорѓи“
 
Евангелско-методистичка црква

Првите податоци за селото потекнуваат уште од турско време, кога првобитната местоположба на селото била на ридот кој се наоѓа на Беласица, јужно од сегашната положба на селото. Сегашната местоположба е некогашен чифлик на турскиот бег. Се верува дека името на селото потекнува од бегот Мурат, кому и му припаѓал и чифликот.

Првиот познат населеник е таканаречениот дедо Јове, кој се преселил од мариовските села и дошол во Муртино, бидејќи убил тогаш некој познат турчин и за да не биде убиен се преселил со своето семејство. Тој имал неколку синови од кој најпознатиот се викал Атанас, тој бил кмет на селото и многу богат човек, го помагал Илинденското востание дури го криумчарел Гоце Делчев, преку Беласица за да оди во Солун. Давал пари за да се купи оружје, муниција итн. Сѐ уште има остатоци од ова семејство на Дедо Јове, сега познати како Јовевци, сите живеат во маалото наречено Чифлик.

Во селото била отворена една од првите евангелско-методистички цркви во Македонија. Кон почетокот на XX век, според статистиката од Бранков, бројот на протестантите во Струмичко изнесувал 624 лица, од кои 208 живееле во Муртино. Освен црква, во селото имало изградено и протестантско училиште. Нивниот број значително се намалил по крајот на Балканските војни.

Муртино во 1996 станува општина. Во општината биле и селата Моноспитово, Бансκо и Сачево. Општина Муртино постои два мандати, во првиот мандат κаκо градоначалниκ е избран Ацо Христов од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, по потеκло од Муртино. Во вториот мандат со лоκалните избори одржани во 2000 година κаκо градоначалниκ е избран Стојан Бансκолиев исто таκа од партијата ВМРО-ДПМНЕ, и осто со потеκло од Муртино. Со териториалната поделба во 2005 година, изгласана во собранието на Маκедонија, Општина Муртино е распуштена. Моноспитово се припојува во Општина Босилово, а Муртино со Бансκо и Сачево се припојуваат во Општина Струмица.

Стопанство уреди

Претежно занимање на населението е земјоделството. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 688 ха[2].

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.505—    
19531.671+11.0%
19611.922+15.0%
19712.175+13.2%
19812.202+1.2%
ГодинаНас.±%
19912.214+0.5%
19942.159−2.5%
20022.209+2.3%
20211.740−21.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година во Муртино живееле 560 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Муртино имало 688 Македонци, од кои 480 под врховенството на Бугарската егзархија и 208 протестанти.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.100 Македонци.[5]

Во 1961 година селото има 1.922 жители, додека во 1994 година има 2.159 жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.209 жители, од кои 2.203 Македонци, 2 Срби и 4 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.740 жители, од кои 1.653 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин, 2 останати и 82 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 688 1.505 1.671 1.922 2.175 2.202 2.214 2.159 2.209 1.740
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи уреди

  • Основно училиште „Маршал Тито“
  • пошта
  • амбуланта
  • бензинска пумпа
  • земјоделско здружение „Агро унија“
  • ветеринарна станица
  • дом на културата
  • спортска сала
  • РЕ на ЈПКД Комуналец — Струмица

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1840 и 1841 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.721 гласач.[13]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.714 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

На верскиот празник Свети Ѓорѓи, познат и како Ѓурѓовден се одржува трка со коњи.

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  14. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)
  15. 15,0 15,1 15,2 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  16. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  18. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  19. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски уреди