Конопиште
Конопиште — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.
Конопиште | |
Поглед на дел од селото | |
Координати 41°14′49″N 22°4′35″E / 41.24694° СГШ; 22.07639° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Бошава |
Население | 20 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11022 |
Надм. вис. | 660 м |
Конопиште на општинската карта Атарот на Конопиште во рамките на општината | |
Конопиште на Ризницата |
До 2004 година, Конопиште претставувал административно седиште на истоимената општина, која ги опфаќала селата во областа Бошава.
Потекло на името
уредиКонопиште некогаш го носело името Врбница.[2] Тековното име најверојатно го добило по дивиот коноп којшто расте во изобилство во овој крај.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, во горното сливно подрачје на реката Бошава, на регионалниот пат од Демир Капија за Мариово, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција (северниот дел на Меглен).[3] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 27 километри.[3]
Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 82 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 5.529 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.551 хектар, а на обработливото земјиште 251 хектар.[3]
Низ селото поминува реката Бошава, кое е сместено на самите падини на планината Кожуф. Достапно е по асфалтен пат од Кавадарци преку висорамнината Витачево и од Демир Капија по земјен пат преку селата Барово и Долна Бошава.
Селото се наоѓа на ниска тераса на десната и осојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има збиен тип и издолжен облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[2]
Атарот на историското село Градиште е преземен во рамките на утврдениот атар на селото Конопиште.
Историја
уредиПодрачјето на Конопиште е населено уште од доцната антика, за што сведочат мноштвото археолошки наоѓалишта во неговиот атар.[4]
Во XIX век, Конопиште било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Бугарското воено разузнавање во 1908 г. вели за селото:
Конопишта [е] чифлик до 150 куќи. Летно време тука доаѓаат Власи за да продаваат сирење или пак преку овде заминуваат за Кавадарци и за железничката станица Демир Капија.[5]
Стопанство
уредиСелото има мешовита земјоделска функција.[3]
Селаните живееле од стока и од планината. Нивите се ретки и неплодни.[2]
Во селото се полни, прочистува и пакува „Горска Вода“ почнувајќи од 2004 година, од страна на претпријатието „Кодинг“, кое е основано во 1987 година. Производниот погон на претпријатието се наоѓа во близина на изворите кои доаѓат од Кожуф, во селото Конопиште. Станува збор за современо опремена фабрика и капацитет на производство до 200 илјади литри дневно.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Конопиште имало 742 жители, од кои 710 Македонци христијани, 18 Албанци христијани и 14 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Конопиште имало 920 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]
Од Конопиште потекнува значителна емиграција на населението. Така, селото во 1961 година броело 666 жители, од кои 622 биле Македонци, 35 Срби, петмина Хрвати и двајца жители Црногорци, а во 1994 година само 87 жители, од кои 82 биле Македонци и петмина Срби.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Конопиште живееле 55 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 11 Македонци и 9 останати.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 742 | 920 | 707 | 636 | 666 | 392 | 222 | 106 | 87 | 55 | 20 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиКонопиште е македонско правослано село.
Како родови во Конопиште се споменуваат:[2]
- Староседелци: Пулијовци-Бачовци (3 к.), Аврамовци-Китевци (6 к.), Велковци (6 к.), Колчевци-Андовци (2 к.), Чочковци (1 к.), Барјактаровци (2 к.), Миновци (1 к.), Пецовци (6 к.), Кралевци (3 к.), Бојковци-Витановци (2 к.), Крстевци (6 к.), Камчевци (2 к.), Спасевци (1 к.), Ѓетовци (2 к.), Димковци-Лажовци-Андонијовци (6 к.), Чоковци (2 к.), Видевци (2 к.), Грбевци (2 к.), Галевци (2 к.), Шпртевци (2 к.), Мемчевци (2 к.), Еленовци (4 к.) и Гоцовци (5 к.).
- Доселеници: Арнаути-Илевци-Весковци (7 к.) доселени се однекаде од планина; Лазарковци (1 к.) доселени се од Рожден во почетокот од XIX век; Стојовци (1 к.) дошол дедо Стојо од Клиново во почетокот од XIX век; Џиковци (4 к.) доселени се од селото Бохула; Саблевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Димитријовци (1 к.) доселени се од селото Марковјани кај Костур (Егејска Македонија) околу 1872 година; Андоновци (2 к.) доселени се од костурско (Егејска Македонија) околу 1877 година; Вангеловци (2 к.) доселени се од селото Омотско кај Костур (Егејска Македонија) во 1877 година; Цуцулешковци (1 к.) доселени се од селото Куманичево околу 1880 година; Павлевци-Шапкарине (1 к.) доселени се од селото Гарниково; Пановци (1 к.) доселени се од селото Катунди кај Корча (Албанија) околу 1886; Илковци (1 к.) доселени се од Мрежичко; Бојковци (1 к.) доселени се од Куманичево; Степановци (1 к.) доселени се од селото Чемерско; Голевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Анѓелевци (1 к.) и Ѓоргевци (1 к.) доселени се од селото Горна Бошава.
Општествени установи
уреди- Амбуланта
- Пошта (1437)
- Центар за лечење на наркозависници, отпочнат со работа во 2005 година
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било административно седиште на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бојанчиште, во која влегувале селата Бојанчиште, Конпиште и Куманичево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Конопиште се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.
Во периодот 1955-1965, селото било седиште на тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0704 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Боздувник — населба од доцноантичко време
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Кула - Градот — градиште од доцноантичко време
- Ливадите — населба од доцноантичко време
- Равна Нива — населба-збег од доцноантичко време
- Св. Илија - Марковица — црква и некропола од старохристијанско време
- Црква „Св. Стефан“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Атанасиј“ — гробјанска црква.
- Споменици
- Споменик на НОБ
- Природни реткости
- Кањите — геолошко наоѓалиште со природни карпести столбови во висина од 20-тина метри
- Реки[19]
Личности
уреди- Киро Андонов (1938-1996) — македонски публицист и историограф;
- Крсте Крстев (1923-1944) - учесник во НОБ;
- Александар Јошев (1922-1945) - учесник во НОБ;
- Атанас Диселов (1912-1941) - учесник во НОБ;[20]
- Крсто Ностов (1925-1944) - учесник во НОБ;[20]
- Александар Трајков (1922-1945) - учесник во НОБ;[20]
Занимливости
уредиВо хумористичниот серијал „К-15“, ликот Цацко Конопишки е родум од Конопиште.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 302-305.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 155. Посетено на 14 декември 2017.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 151. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Материали за военно-географическия обзор на Македония, ІІ Тиквешки район, Печатница „Военен журнал“, София, 1908, стр. 18.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 декември 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 14 декември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-17. Посетено на 14 декември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Žrtve rata 1941-1945. II. Beograd: Muzej žrtava genocida Beograd. 1996.