Средорек (село)
Средорек — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Средорек | |
Координати 41°24′36″N 21°21′41″E / 41.41000° СГШ; 21.36139° ИГД | |
Општина | Долнени |
Население | 30 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20099 |
Средорек на општинската карта Атарот на Средорек во рамките на општината | |
Средорек на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Прилепското Поле, оддалечено 11 километри западно од општинскиот центар Долнени и 23 километри северозападно од Прилеп.
Историја
уредиВо пописните дефтери од 1467/68 година во Средорек имало 14 христијански семејства; во 1481/82 – 17 семејства; во 1544/45 – 29 семејства, 4 неженети и 2 вдовици, како и 13 муслимански семејства; во 1568/69 – 7 христијански семејства, 2 неженети и 2 вдовици.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Средорек живееле 210 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Средорек имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Средорек се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Средорек живеат 52 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 540 | 120 | 140 | 156 | 182 | 179 | 141 | 82 | 71 | 52 | 30 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиСредорек е македонско село.
Родови во селото се: Качаровци (4 куќи) доселени се од селото Дабјани, а некогаш живееле и во Кривогаштани; Филиповци (3 куќи) доселени се од селото Кутлешево; Шамаковци (3 куќи) Доселени се од селото Горно Житоше, го знаат следното родословие: Ристе (жив на 28 г. во 1950-тите) Нове-Ташко-Толе-Момир-Костадин, од Горно Житоше се доселил предокот Ташко; Мавцовци (3 куќи) потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле од Прилеп; Зиско (1 куќа) доселени се од Крушево, овде живеат само преку лето; Клаповци (2 куќи) доселени се од Новоселани; Гулевци (2 куќи) од Горно Житоше најпрво се иселиле во Сарандиново, а во 1930 година дошле овде; Блажевци (1 куќа) доселени се од селото Кошино каде род им биле Стојчевци, и таму биле староседелци; Цуцуловци (4 куќи) од Горно Житоше најпрво се населиле во Бело Поле, па од таму во 1928 година дошле во Средорек; Поречанци (1 куќа) доселени се од поречкото село Могилец во 1935 година.
Албанци: во селото има и еден албански род, тоа е Ајдаровци (1 куќа) доселени се во 1947 година од кичевското село Папрадиште. Овде живеат само преку лето.
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1469 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Дабјани.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[12]
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква
- Археолошки наоѓалишта[13]
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.150-151.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 14,0 14,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавоња, Београд 1998
Надворешни врски
уреди- Средорек (село) на Ризницата ?