Вражале
Вражале — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во состав на Општина Зелениково, недалеку од Скопје.
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вражале живееле 240 жители, сите Албанци.[2]
Во 1961 година селото има 572 жители, додека во 1994 година има само 167 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Вражале живееле 102 жители, од кои 101 Албанец и 1 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, од кои 23 Албанци, 1 Турчин и 1 лице без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | — | 634 | 636 | 572 | 376 | 288 | 0 | 167 | 102 | 26 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
РодовиУреди
Вражале е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
- Доселеници: Бакијалар (19 к.) по потекло се од фисот Шаља во северна Албанија (од околината на Скадар) Овде се доселиле кон крајот на 18 век. Се знае следното родословие. Алим (жив на 34 год. во 1951 година) Шефик-Максут-Асан-Баки-Јусуф, кој се доселил; Сефалар (6 к.), Касамлар (4 к.) и Шабанлар (5 к.) порано биле еден род со родот Бакијалар, но се одродиле; Љамалар (13 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Алим (жив на 38 год. во 1951 година) Шабан-Амет-Рустем-Шабан-Исљам, кој се доселил во селото; Уталар (17 к.) потекнуваат од северна Албанија. Основачот на родот се викал Даут. Овде живеат од кога и претходните родови, од крајот на 18 век; Вогљалар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде се доселиле кон средината на 19 век. Го знаат следното родословие. Иљаз (жив на 48 год. во 1951 година) Пајазит-Иљаз-Јусуф, кој се доселил во селото; Зималар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од средината на 19 век. Основачот на родот бил Ќазим, кој бил брат на Јусуф, основачот на родот Вогљалар; Шаиналар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Џине (5 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде се доселени од селото Тисовица, каде имаат истоимени роднини.[9]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Албански иселеници до 1951 година од селото има во Скопје (20 семејства) и во Турција (2 семејства).[9]
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.[мртва врска]
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 . Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |