Ботун
Ботун — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Ботун | |
Панорамски поглед на селото Ботун | |
Координати 41°17′7″N 20°47′29″E / 41.28528° СГШ; 20.79139° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 163 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19002 |
Надм. вис. | 966 м |
Слава | Голема Богородица |
Ботун на општинската карта Атарот на Ботун во рамките на општината | |
Ботун на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Ботун се наоѓа во областа Дебрца, сместено помеѓу Илинска и Славеј Планина. Најблиско село е Злести. Атарот на селото Ботун граничи со атарите на селата: од север Црвена Вода и Ново Село, од исток со Белчишта и Злести, од југ со Климештани и Мешеишта, и од запад со Делагожди и Корошишта/Џепин.
Околу селото има доста шума, додека пасишта има многу малку, местата околу атарот ги носат следните имиња: Горна Тумба, Јовчиница, Савра, Копрница, Кучков Рид, Волковија, Умишта, Каленик, Присој, Манастирец, Калуѓеров Дол, Калуѓерка (река), Вели Врв (1.053 м), Бела Вода, Стрмна Краста (1.173 м). Селото е со куќи од збиен тип, и има Горно, Средно и Долно Маало.[2]
Ботун претставува средна населба, сместена во новосоздадената Општина Дебрца, при што дел од селото непосредно се наоѓа на регионалниот пат Охрид-Кичево, а воедно и новиот автопат на истата делница ќе поминува во околина на селото. Со изградбата на автопатот, односно вијадуктите над селото поради негово заобиколување, се очекува целосно да се наруши пејзажот на селото.[3]
Селото е рамничарско-ридско, при што куќите во селото се наоѓаат на височина од 740 до 800 метри. Од градот Охрид е оддалечено 24 километри.
Историја
уредиПодрачјето на Ботун е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Задел во самото село.[4]
Ботун за првпат се спомнува во пописниот дефтер од 1582 година, кога припаѓало на Охридскиот санџак, нахија Дебрца, но старото село пропаднало и денешното село го обновиле доселеници од околните раселени села, и од исто така раселениот град Закамен.[2]
Во XIX век, Ботун се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа површина од 12,5 км2, од кој обработливото земјиште зазема површина од 381,1 хектар (ha), пасиштата заземаат 45,5 ха, а шумите имаат најголема површина од 757,2 ха.[3] Селото има поледелско-шумска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ботун имало 370 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ботун имало 400 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ботун е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 49 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Во пописот од 1961 година селото имало 526 жители, но само за триесетина години нивниот број двојно се намалил и во 1994 година имало 212 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Ботун живееле 227 жители, од кои 220 Македонци, 3 Срби и 4 други.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 163 жители, од кои 155 Македонци, 1 Албанец, 3 останати и 4 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370 | 400 | 523 | 569 | 526 | 453 | 303 | 305 | 212 | 227 | 163 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиБотун е македонско православно село. Родовите во селото се староседелски, односно живееле во сега веќе раселените села, кои постоеле во атарот на селото. Доселеничките родови пак потекнуваат од градот Закамен, струшка Малесија, а само еден род не го знае местото на старина.
Родови во селото Ботун се: Мацевци (14 к.), Ничевци (7 к.), Јордановци (6 к.) и Гроздановци (4 к.), доселени се од градот Закамен. Во родот Мацевци го знаат следното родословие: Климе (жив на 46 г. во 1980 година) Анѓеле-Јордан-Смилко, од Закамен се доселил таткото на Смилко со неговиот брат. Споменатиот Смилко во Ботун го убиле Албанци од соседното село Корошишта и затоа синот на Смилко, Јордан влегол во комитите; Костевци (6 к.), Апостоловци (6 к.), Трпковци (6 к.), Карафиловци или Димовци (6 к.), Ѓуровци (6 к.) и Јоновци (4 к.), доселени се од сега раселеното село Старо Село, кое се наоѓало на границата меѓу селата Мешеишта и Ботун, во родот Костевци го знаат следното родословие: Нове (жив на 52 г. во 1980 година) Стеван-Сиљан-Ѓоре, се доселил таткото на Ѓоре, Косте; Голикрстевци (4 к.), доселени се од раселеното село Пусти Куќи, кое се наоѓало во атарот на селото Ботун; Митревци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.[2]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Ботун се:[15]
- Староседелци: Николевци (4 к.) и Митревци (9 к.).
- Доселенички: Карафиловци (37 к.), доселени се во средината на XVIII век од раселеното село Старо Село, кое се наоѓало на реката Сатеска пониско од Ботун; Апостоловци (10 к.), се делат на Волкановци и Димовци, и тие се доселени од Старо Село; Петревци (21 к.), се делат на Ничевци, Гроздановци и Мацевци. Доселени се од раселениот град Закамен, Малесија во 1758 година; Несторовци (1 к.), доселени се во 1936 година од селото Црвена Вода и Крстановци (1 к.), доселени се во 1938 година од селото Црвена Вода.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Дебрца“ до V одделение[16], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Ботун, се наоѓале и селата Белчишта, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Ботун се наоѓало во некогашната Општина Ново Село, во која влегувале селата Ботун, Ново Село, Песочани и Црвена Вода.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1316 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[19]
- Црква „Св. Богородица“ — изградена во 1871 година
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — изградена во 1974 година
- Црква „Св. Богородица“ — изградена во 1991 година како манастирска црква на новиот манастир
- Манастири
- Ботунски манастир — новоизграден манастир над селото
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Задел — населба со некропола од доцноантичко време
- Манастирче — црква од раниот среден век
- Св. Богородица — црква од средниот век, чии остацоти се во состав на новата истоимена црква
Редовни настани
уреди- Голема Богородица (28 август) — селска слава
Личности
уреди- Павле Иванов — македонски револуционер од ВМОРО.
- Сиљан Нически — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Ристо Грозданов — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Стојан Василов Јоноски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Паско Павлески — македонски партизан.
- Веле Новески — македонски партизан.
- Ѓоргија Митрески — македонски партизан.
- Лазар Секулоски — македонски партизан.
- Ристо Стефаноски — македонски партизан
- Трајан Митрески — македонски партизан
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд Ботун има иселени родови по другите села. Во Ново Село е иселен родот Таневци (4 к.), во Долно Средоречје е иселен родот Ботунци или Мацевци (5 к.), во Горно Средоречие се иселени родовите Настевци (3 к.) и Савевци (2 к.), сите овие родови се иселени пред дваесеттите години на XX век. После Втората светска војна иселеници најмногу имало во Охрид (15 к.), Скопје (15 к.), помалку се иселени во Битола (2 к.), Струга (2 к.), селото Мусинци (2 к.) и во банатското село Јабука (1 к.).[2]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:
- од Николевци иселеници има во Глогоњ, Војводина (две семејства, од 1946 година)
- од Митревци иселеници има во Гостивар (едно семејство, од 1850 година), Охрид (две семејства, едната од 1870, а другата од 1914 година; Васил и Блаже) и во Средна Америка (едно семејство, од 1908 година)
- од Карафиловци иселеници има во Охрид (едно семејство, од 1927 година) и во Злести (едно семејство, од 1943 година; Недески)
- од Петревци иселеници има во Охрид (едно семејство, од 1927 година).[15]
Галерија
уреди-
Влезот во селото и мостот над реката Сатеска
-
Поглед на училиштето
-
Новоасфалтирана улица во селото
-
Дел од старата архитектура во селото
-
Стара куќа во селото
-
Панорамски поглед на селото
-
Маалото под црквата и новопредвидениот вијадукт на автопатот
-
Дел од градежните активности на новиот автопат над селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 256.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Студија за оцена на влијанието на проектот „Автопат А2" врз животната средина“ (PDF). Геинг Кребс унд Кифер. Посетено на 3 септември 2016.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 239. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 август 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Ботун. Архивски фонд МАНУ АЕ 89/1.
- ↑ „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски
уреди- Ботун на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Ботун на Карти на Гугл