Инџиково

село во Општина Гази Баба

Инџиково — населено место во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје, кое според неговата местоположба може да се смета и за предградие на самиот град.

Инџиково
Инџиково во рамките на Македонија
Инџиково
Местоположба на Инџиково во Македонија
Инџиково на интерактивна карта

Карта

Координати 42°0′50″N 21°29′42″E / 42.01389° СГШ; 21.49500° ИГД / 42.01389; 21.49500Координати: 42°0′50″N 21°29′42″E / 42.01389° СГШ; 21.49500° ИГД / 42.01389; 21.49500
Општина Гази Баба
Население 4.324 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25067, 25567
Надм. вис. 227 м
Инџиково на општинската карта

Атарот на Инџиково во рамките на општината
Инџиково на Ризницата
Геодетска карта на Инџиково.

Географија и местоположба Уреди

Ова село се наоѓа во Скопското Поле, недалеку од самиот град Скопје, во североисточна насока, и од патот Скопје-Велес, па затоа припаѓа на руралната зона на градот. Се наоѓа во рамничарските предели на Скопска Котлина, или во близина на јужните граници на Скопска Црна Гора. Селото е рамничарско, на надморска височина од 227 метри.

Историја Уреди

Во XIX век, Инџиково било село во Скопската каза на Отоманското Царство.

Во Инџиково населението претежно е вработено во градот, а добар дел се занимава со земјоделство.

Населенеи Уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948217—    
1953314+44.7%
19611.067+239.8%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
20023.343—    
20214.324+29.3%

На пописот од 2002 година, селото имало 3.343 жители, од кои 2.567 Македонци, 2 Турци, 62 Роми, 553 Албанци, 17 Власи, 62 Срби, 23 Бошњаци и 57 останати.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.324 жители, од кои 2.983 Македонци, 527 Албанци, 3 Турци, 412 Роми, 32 Власи, 49 Срби, 13 Бошњаци, 18 останати и 287 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 81 62 217 314 1.067 3.343 4.324
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови Уреди

Според исражувањата од 1953 година, родови во Инџиково се

Македонски

Доселеници: Дуковци (3 к.) по потекло се од околината на Бабуна во Велешко. Во Скопско најпрво се населиле во Бутел и Арачиново. Во Инџиково овој род е помеѓу најстарите; Пампуровци или Атанаскови (2 к.) доселени се од селото Арачиново; Чучевци (1 к.) доселени се од селото Добри Дол; Џикови (1 к.) доселени се однекаде; Тоде Гавре или Трајаноски (1 к.) во Инџиково се од турско време. А некое време живееле и во Маџари; Трубаревци (2 к.) основачот на овој род, таткото на Анте (жив на 76 г. во 1953) се викал Петре. Он е роден во селото Пагаруша. Од Пагаруша, споменатиот Петре преминал во Ракотинци, па потоа Маџари, Долно Лисиче, Трубарево, па повторно во Маџари, па во Кадино. И на крај во Инџиково. За овој род уште се нарекуваат и Чечерковци, Петревци и Маџарцини; Вагањаревци или Крстевци (2 к.) доселени се од селото Усје; Бушевци или Иванови (1 к.) доселени се од селото Белимбегово; Кукачови (3 к.) доселени се од Петровец; Пешови или Стојкови (3 к.) доселени се после 1912 година од селото Црешево; Јорданови (1 к.) родот го основал Блаже Путар. Тој од Блаце се преселил во Скопје, па по некое време во Инџиково; Говрлевци (1 к.) доселени се од селото Говрлево, таму биле староседелци; Николе (1 к.) Николе живеел како говедар во Идризово, Јурумлери и Бунарџик. И на крај во Инџиково.

Албански

  • Доселеници: Ајваз Демир (1 к.), Реџеп Арслан (1 к.), Мустафа Бектеш (1 к.), Алим (1 к.) и Џемаил (1 к.) они се албанизирани Роми, наречени Маљоци. Доселени се од Косово; Абдула Етем (1 к.) доселени се од Косово.[8]

Општествени установи Уреди

Самоуправа и политика Уреди

Културни и природни знаменитости Уреди

Редовни настани Уреди

Личности Уреди

Култура и спорт Уреди

Во Инџиково постои фудбалски клуб кој го носи името ФК Инџиково. Во своето постоење клубот има освоено две титули.

Иселеништво Уреди

Наводи Уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
  9. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]

Надворешни врски Уреди